е (гл.) - тесен (прид.)

Крај езерото каде што просторот е тесен, куќите се стиснале, се надјавнале една над друга, се туркале меѓу себе која подобро место да заземе, која понапред да излезе за да има што подобар поглед на езерото; другите се распрснале по околните места како солзи господови.
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
Околу патот е тесен. Големото портиште скрцна ко бикова рика.
„Сердарот“ од Григор Прличев (1860)
"Знаеш ли колку е тесен и висок бунаров под бозделот? ", ме прашува тој и се насмевнува, ама знам оти сака да ме изненади.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Во појас носи задената тага, гола, исукана; канијата за неа е тесна.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
Сега не беше младич, но она ластарестото сѐ уште ја оптегнуваше неговата тенка, пегава става во излитена англиска блуза со боја на пожолтени дабови лисја, а Змејко немаше време да направи ниеден чекор кон таму, кога оној веќе стоеше до него, во средината на таа група крај колите и тие си ги тресеа рацете еден на друг со онаа наеднаш повторно родена жестокост, која сѐ повеќе растеше и стануваше пак дива и разврескана во нив, продолжувајќи сето време да се потчукнуваат по рамената, уште пожестоко, а денот дури сега навлезе во неговите очи и го заслепи, просто го исполни сиот, така што тој сега речиси сети како е тесен во себе за да го прими тој убав планински ден наоколу, додека некој од селаните крај него рече: „Змејко е печен, вечер се запишува в Задруга“, а тоа сега воопшто не беше важно, беше толку далечно од него, како да било во еден сосема подруг живот.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)