е (гл.) - типичен (прид.)

Овој, човек, си реков, е типичен пример за еден од оние кои обожаваат да им прават интриги на своите конкурентни другари, на кои веројатно цел живот им прават лице дека животот би го дале за нив.
„Знаеш ли да љубиш“ од Ивана Иванова Канго (2013)
10. Елитизмот е типичен аспект на секоја реакционарна идеологија, доколку во основа е аристократски, а аристократскиот и милитаристичкиот елитизам имаат една сурово обележје - презирање на послабите.
„МАРГИНА бр. 19-20“ (1995)
Тоа е типично старовремска германска куќа, со тесни и мали прозорци, дрвени скали, ли се извишуваат стрмно, на високо; со чардаци кои, додека одиш, скрцкаат; со големи одаи, приемни, спални и многу други простории.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Ајс фишинг е типичен канадски риболов и се одвива исклучиво у зима (значи скоро цела година)...
„Тибам штркот“ од Зоран Спасов Sоф (2008)