е (гл.) - уморен (прид.)

Моторите веќе бучат. По малку авионот се крева во пространото небо. Мими е уморна од патот.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
2. Зборот ми е уморен од несоница Поседи уште малку уште неколку мига Овде е сѐ толку будно ни лудило да не ти недостига поседи уште малку времето барем во среќата спие – јас никаде Во тагата ми ѕирка преплашено дете поседи уште малку моќна е близината - разделени како сонот од лагата кажи ми што виде ноќеска...
„Ерато“ од Катица Ќулавкова (2008)
СИВИЌ: Господин Клаус е уморен и сака да си оди. Сака да се поздрави. Посебно со вас… господине Андреевиќ.
„Диво месо“ од Горан Стефановски (1979)
Ги запираше домаќинот, Стојо Батанџијата, ама тие рекоа дека агата е уморен од патот и нејќат да му додеваат вечерва, та од утре натаму имаат време, ќе поседат и повеќе.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)