е (гл.) - човечки (прид.)

Па тоа им го налага на Македонците и човештината: зар е човечка сегашната состојба во која ја имаат доведено Македонија пропагандите?
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Факт е дека Дишан ја одбира еротиката како тема која е апстрактна за неговото творештво, така што природно го нагласува впечатокот, бидејќи ако и постои нешто што не ја поттикнува рамнодушноста туку, напротив, ја возбудува длабоко продирајќи дури и во митот, тогаш тоа е човечката сексуалност заедно со инцестот и смртта.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Кога стигна до купчето, Винстон виде дека тоа е човечка рака откината кај глуждот.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
До која длабочина е човечката мака?
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Резултатот врз зелен круг Според симболичкото толкување, зеленото е човечка боја, зошто ја враќа надежта во обновата.
„Или“ од Александар Прокопиев (1987)
Ете некни ѓерданчето на Босилка ѝ загина; не е човечка глава да, човек умира и никому ништо, а ќерко, а не ти оти едно клопче ти загинало и да плачеш.“
„Силјан штркот“ од Марко Цепенков (1900)
СУДБИНАТА: Едно сум сигурна – за љубов ти, душа би дала – Чудна е човечката сорта.
„Сите притоки се слеваат во моето корито“ од Марта Маркоска (2009)
Но Кулик не може да го избегне фактот дека тој е човечки субјект. 18 okno.mk
„МАРГИНА бр. 34“ (1996)
СТЕВО: Тоа е бабина деветина. Празно верување дека ако некому му влезе влакно во грлото, околу коренот на влакното ќе се створи месо кое не е човечко и кое ќе расте и нарасне толкаво да го угуши човекот.
„Диво месо“ од Горан Стефановски (1979)
Сакам да кажам дека робијата е отмена работа, бидејќи човекот таму страда, зарем не, додека свеченоста во Неи е простачка работа, бидејќи човекот таму се весели. Таков е човечкиот живот.
„МАРГИНА бр. 19-20“ (1995)
-Причината за тагата, е човечка замисла: неразбирањето на фактите кои водат до неможноста за остварување на зацртаната замисла.
„Мудрецот“ од Радојка Трајанова (2008)
Тоа е човечката природа. Можеби неразумна, но човечка.“
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)