е (гл.) - онаму (прил.)

„Овде е дома,“ ѝ велеше доктор Гете. „Не,“ велеше Криста. „Дома е онаму каде што е мојата ќеркичка.“
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Твојот живот е некаде, а мојот е онаму...
„Разминувања“ од Виолета Петровска Периќ (2013)
Доктор Гете молчеше. „Сакам да бидам онаму каде што е мојата ќеркичка.“
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
И на крајот им рече: - Мартин со воловите е онаму долу под коријата.
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)
— Цивилизација е онаму, велам, кај што мислам дека сум среќна.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)