е (гл.) - скраја (прил.)

Да е скраја и далеку од мене. Жими сѐ што ми е најмило.
„Човекот во сина облека“ од Мето Јовановски (2011)
БАБА АНЧА: (се крсти). Да е скраја од куќава моја!
„Антица“ од Ристо Крле (1940)
Мажите, што го носеа мртовецот, се менуваа постојано, а тој, Змејко, со торбичката со читанката и со таблицата преку рамо ги притискаше со раката кондилите и моливите да не тропкаат внатре и мислеше на тагата, мислеше на жалоста, ја носеше врзана во еден цврст јазел во грлото, го раскинуваше и него и му го сопенаше здивот, но мислеше како ли расчешнува таа кога оној, што го носат мажите, е твојот татко, да е скраја и далеку.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)