е (гл.) - само (чест.)

Грците, Бугарите, Србите сите заедно нѐ уверуваат нас дека ние сите сме само од нивната народност и оти нашиот спас е само во соединувањето на цела Македонија, или барем на еден голем дел од неа, кон нивната држава.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Значи, малите балкански држави, иако на вид и да не играат улога во решавањето на македонското прашање, кое како да е само во рацете на големите држави, всушност имаат најголемо значење.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Комитетот може да се пофали и со поумерени раководители, но и тие мислеа оти спасението на Македонија е само во духовното обединување, па и господствување на Бугарите во Македонија.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Доста се таквите жални резултати од врзувањето на нашите интереси со туѓите за да се убедат мнозина дека нашиот спас е само во националниот и религиозниот сепаратизам.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Ама, умот ми е само кај возачот.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Твојата уста е само за бацување, вели и ме гледа со некој поглед кој постојано ѝ заминува некаде.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
На сигурно е само до мене, ќе рече, но ќе дојде подобро време.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Придодаден е само Погребњак.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
А некогаш си мислев за да се најдат двајца, доволно е само едниот да бара.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Мислиш, лицето им е само еден безначаен дел од униформата.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Сериозна е само среќата, што се вели, оти е многу кратка и ретка.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
И ова е само една вистина, зашто вистини има стопати по толку, којзнае колку пати по толку.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Ме оставија сама во собата, а собата голема, што се вели, не е само за еден човек.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
- Не, не, простете, не е само тоа.
„Авантурите на Дедо Мраз“ од Ристо Давчевски (1997)
На селаните место за милост им беше само Бошко Манев, иако сега сите го знаеја дека е само јатак на Лумана и ништо друго.
„Луман арамијата“ од Мето Јовановски (1954)
Македонија е само едно големо буниште, вели.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
И после, што да пренесувам побргу? Него или сливите. А и не е само еден ден, па да го заборавиш.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
А и не е срамота да се браниш од ѓаволот и од болестите. „Умно е само она што е и корисно за тебе, за куќата“ , велеше Лазор Ночески.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Дали несреќата е само за да се разбере среќата, мајката, дали доброто е несфатливо без злото?
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Значи мракот е само над луѓето, до кај што држат буките.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Мечката ќе се подисправа, ќе крева камења и ќе се подисправа, велеше, ќе сака да го удри, да го погоди со каменот, ама крмакот е само пред неа, зад неа, покрај неа, в жили, ќе фрли подалеку од него, и така, ќе се умори, или ќе се уплаши и пак ќе се качи на буката, велеше, и ловецот скришум тоа ќе го гледа и пак не ќе се јавува.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Тешко е само кога се страда за ништо, вели.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)