ежи (гл.) - кожа (имн.)

И ден-денес, од помислата на тоа заедничко „јас“ мене ми се ежи кожата.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Му идеше во телото студенило и од тоа му се ежеше кожата.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
- А рече ти се ежи кожата. Од што?
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Друже Србине, Корнулов и Папокот прават планови како да се привлечат нови луѓе на местото од оние што заминаа оти земјата бара работна рака и од нивните разговори што во фрагменти, во откасоци стигнуваа до неа ѝ се ежеше кожата.
„Исчезнување“ од Ташко Георгиевски (1998)