живее (гл.) - тие (зам.)

Знам, меѓутоа, што правев за тоа време, каде и како живеев тие осум години, но тоа го знам апстрактно, делумно како некој друг да ми раскажувал спомени во кои верувам, но кои всушност не ги поседувам.
„МАРГИНА бр. 22“ (1995)
Одвај чекаа да ја завршат куќата, последната од групата, зашто тие, односно Компанијата за изградба на Идн Парк, имаше потпишано договор да изградат еден отворен паркинг за илјада коли, само на неколку милји од Идн Парк, општината во која живееја тие.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Разбра и која е субашицата во харемот на кадијата; кој е евнухот кај каданите, што прават и каде живеат тие, колкава е заштитата ноќно време таму, и сѐ што му требаше за еден напад.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Само во ретки прилики на обичните луѓе им се укажуваше можност да ги видат однатре живеалиштата на членовите на Внатрешната партија, или воопшто да влезат во делот од градот каде што живееја тие.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)