живее (гл.) - јас (зам.)

За кого живеам јас, овдека, без никој никаде, велам, а таму ме чекаат децата.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Од нашите зборови- експлозии се затресоа темелите на зградата во која живеевме јас и соседот.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
Во тоа мало градче, каде сè што штрчи се сече, живеев јас.
„Читај ми ги мислите“ од Ивана Иванова Канго (2012)
А од кого ќе позајмам јас, му вели, кој ќе ми даде мене години, и со мои години ќе живеам јас, му вели.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Сите тие живееле таму, од онаа страна на реката, каде што живеам јас.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Живеам јас така бедно, Благородност од мене ширам чедно, Алтани, злато гледам на сите страни Со крвави солзи полиени од рани.
„Читај ми ги мислите“ од Ивана Иванова Канго (2012)
Си живеев јас така како цар; и ќе живеев вечно, што се вели, ако еден ден не добиев писмо од мајка ми во кое ми пишуваше: Сине, јас умирам сама, пуста...
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)