живее (гл.) - за (предл.)

Сега живеам за книгите и од книгите...
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Новинарка сум во Белградската телевизија која живее за својата и од својата работа.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Се прашував: „Ќе го дочека ли тој ден, ќе издржи ли толкав пат?“ Живеевме за тој ден.
„Седум години“ од Зорица Ѓеорѓиевска (2012)
По раѓањето на мојот најстар брат Манас во 1874-та, фамилијарното презиме Буколовци престанало да живее за живуштите членови во Куманово и продолжило како Прокопиеви.
„Човекот со четири часовници“ од Александар Прокопиев (2003)
Ќе живееш сѐ додека глутницата од силници има потреба од твоето живеење. Живеј за себе!
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Уште од раната младост имаше решено својот живот да му го посвети нему; нејзиното секојдневие се сведуваше на средување на она што доктор Фројд го напишал, консултирање околу неговите пациенти, организирање на неговите работни патувања, помош околу справувањето со болестите.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
И кога ја видов внука ми неколкупати заедно со таа зрела жена, со Лу Саломе, имав чувство дека Ана во неа ја открива таа благост, таа веселост, таа способност животот да ѝ го направи поубав и повесел (иако на никој друг Лу не му изгледаше ни блага, ни весела, ниту способна животот некому да го направи поубав и повесел), и можеби и самата Ана сакаше на Лу да ѝ го направи животот поубав и повесел, но ја спречуваше тоа што живееше за животот на својот татко, а претпоставував дека по неговата смрт смисла на нејзиното постоење ќе ѝ даде грижата за неговото дело. Неговото бесмртно дело.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Реков, тој живееше за своите зборови; туѓите беа туѓи; туѓите беа биење вода во аван или во дибек.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Во есента на 2002 година го објавува својот прв дел од автобиографијата Да се живее за да се раскаже и првите 50 000 примероци се продадени само за две недели.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Главно живеел во Мексико и во Европа.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)