живее (гл.) - пред (предл.)

Прашање е дали живеел пред смртта, вели.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Не пишува за што е ангажирана. (Го фрла весникот.) Знаеш ли ти, Симоне, дека ние во XX век живееме најдобро од сите милијарди луѓе што живееле пред нас.
„Диво месо“ од Горан Стефановски (1979)
Не во споредба со другите луѓе на земјата туку во споредба со генерациите што живееле пред него.
„Балканска книга на умрените“ од Мето Јовановски (1992)
Успеавме да излеземе, но не успеавме да се пробиеме на Руга Анастас Дурсаку, не успеавме да ја најдеме фабриката за цигари која е нашиот единствен ориентир за да ја најдеме зградата во која живеевме пред шеесет години.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Тогаш се сетија дека не бев вечерал и дека најмалиот и најумниот син на царот Сонце и царицата Месечина живеел пред тисошти години.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Другите кисело се насмеаја над мојата згрченост.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)