живее (гл.) - долу (прил.)

Калето, во кое се наоѓаше неговиот сарај, чувано добро од сите страни, со заптии и железни порти, му го креваше и погледот повисоко од сите што живееја долу, во подкалето, од сите, па и од овој ибн Пајко: но тој не беше задоволен.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Легендата кажува дека многу одамна, а кога — не се знае, живееле долу крај реката Црна во селиштето Разлог тројца браќа: Раде, Гале и Вите.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Но да не жалиме за височините, ќе живееме долу со истите сказни и параболи, и со онаа неумитна надеж, дека еден ден, во една ваква квечерина, пак ќе се искачиме, како пасмо пареа, модар здив од устата на долот.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)