живее (гл.) - единствено (прил.)

Тоа е миг кога окото човечко е под опсада само на едно делче на светот пред кое другите нешта престануваат да живеат - светлоста се повлекува во темница, звукот се затвора во школка на тишина, мислата останува скаменета, нема небо, нема земја; сѐ е магла во која, дури и без тебе телесен, живее единствено предметот на твојата еуфорија со која само среќните старци и се предаават на смртта.
„Забранета одаја“ од Славко Јаневски (1988)
Речиси почнувам да заборавам дека може да се живее единствено од трудот на своите две раце и да се биде мирен и задоволен. Јас сега заборавив што е тоа мир и задоволство.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Неспособни да помислат дека бев еден навистински чеден автор, кој живееше единствено за литературата.
„Слово за змијата“ од Александар Прокопиев (1992)