живее (гл.) - некаде (прил.)

Германија со тетка ѝ да ти живее некаде над гаражите на мајсторот Ратко.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Нека се стрпи малку, јас пак ќе бидам рисјанин, ќе дојдам да си ја земам, и ќе отидеме да живееме некаде каде што никој не ќе нè пронајде.”
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Синот, единствениот, ќе расте и ќе живее некаде далеку.
„Омраза - длабоко“ од Драгица Најческа (1998)
Живеејќи некаде во меѓупростор, меѓувреме Во вечен злостор, во под тешко бреме Незабележан, ситен, дребен Дал во орда, дал во племе Во пејсаж не овоземен...
„Сите притоки се слеваат во моето корито“ од Марта Маркоска (2009)
Мислам дека во нашата единствена заедничка ноќ сфатив дека тој ги носи во себе разочарувањата што само иднината може да ни ги предочи.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Тој ѝ припаѓаше на онаа група несреќници кои живеат некаде во времето пред нас, во настаните кои допрва треба да се случат, па оттаму можеби и погрешното сфаќање на неговите постапки таа вечер.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Сè ми се чини дека е друг човек откако некој му кажа дека мајка ми не е мртва, како што тој веруваше, туку дека живее некаде во странство и дека постојано ја наоѓаат камен пијана по ноќните клубови.
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
Рамката на приказната што послужила за подлога на варијациите е следнава: јунакот, „напатен човек” се вплеткува во тајна шпионска дејност (го заменуваат со вис­тинскиот шпион, шпионот во неволја му предава некаков таен документ, непредвидливо му раскажува за некаква случка и т.н.) и неправедно е обвинет за противдржавно, односно за крими­нално дејствие; освен тоа, јунакот располага со некои податоци каде да се бараат вистинските виновници (во „39 скалила” јунакот знае дека водачот на шпионската мрежа живее некаде во Шкотска, на село и му недостига делче на малиот прст на десната рака), бега и самиот се впушта во лов по него; така, јунакот се наоѓа во положба на „прогонет прогонувач”, полицијата му е постојано на трага додека самиот ги прогонува виновниците; на патот што, според правилата, го води до другиот крај на државата, го очекуваат безбројни ексцентрични настани меѓу кои особено се истакнува настанот, по кој тој се сврзува со убавата девојка која на почеток не сака да му помогне и сака да го предаде на полицијата; подоцна таа се нафаќа да му помага; случката завршува така што злосторниците се откриени, јунакот е ослободен од вината и започнува да живее со девојката.
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Откако согледа во што е работата, Акакиј Акакиевич реши да го однесе шинелот кај Петрович, шивачот што живее некаде на четврти кат од задниот влез, кој, и покрај својата косогледост и абрашавото лице, доста успешно се занимаваше со поправки на чиновнички и секој вид други панталони и фракови,  се разбира кога беше во трезна состојба и ако немаше некои други идеи во главата.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)