живурка (гл.) - во (предл.)

Скопската митрополија и нејзините области се припоија со Охридската архиепископија, а скопскиот митрополит, немајќи повеќе каде, живуркаше во скромната црква Свети Јован Претеча, некаде на крајот од градот.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
- Животот покрај другото ја има и таа грда задача: да ја потврдува верноста, да ги проверува способностите, да нè ослободува од сомненијата.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Не изостанаа од тој преглед на настаните и сите оние солени шеги кои за жал многу брзо исчезнуваа од нашето паметење но затоа продолжуваа да живуркаат во белешките од кои никогаш не се откажував.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)