жолти (гл.) - лист (имн.)

Заскитуваше меѓу јасиките, го слушаше тихото шумолење на нивните трепетни жолти лисја, како да слушаше некоја волшебна музика, а потоа спокоен се враќаше кон колибата.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Пред разбушавените луѓе од тоа време да сфатат дека летото одминало, по една ветровита ноќ осамнал првиот есенски ден, со сињак на сонливите клепки и со венец од жолти лисја на глава.
„Пупи Паф во Шумшул град“ од Славко Јаневски (1996)
„И нас не крева високо, високо,“ - зашумолеа паднатите, жолти лисја, „и не расфрла насекаде оставајќи не во непознати места.
„Градинче“ од Бистрица Миркуловска (1962)
Книги. Омилени. Жолти листови и бели, нови корици, излупени, прелепени, нашарани, со белешки кои скокотливо ѕиркаат.
„Ниска латентна револуција“ од Фросина Наумовска (2010)
Небичас дамката оживеала и станала џуџест жерав, по многу нешта сличен на еден цртеж во Музејот на современата уметност во еден град.
„Пупи Паф во Шумшул град“ од Славко Јаневски (1996)