жртвува (гл.) - во (предл.)

Затоа организаторската работа, од една страна, е работа за еден човек што го претпочита привременото напрегнување на силите пред постојаниот упорен и мачен труд; од друга страна, таа е и неморална, зашто во неа човек не жртвува во полза на општеството, на народот свој или на човештината, а со народот прави опити за своите фантастични планови.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Новите јаничарски ешалони беа жртвувани во името на расата, во името на нацијата, во името на идеологијата, во името на партијата.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Никој не се жртвува во името на другиот ако нема свои цели – НЕЛИ?! 2002
„Сите притоки се слеваат во моето корито“ од Марта Маркоска (2009)
Ако во антиката луѓето се жртвувале во името на Дионис, сега тие треба да се жртвуваат за новиот господар, Сталин.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)