забележи (гл.) - дека (сврз.)

Всушност, се жалеше (како што само тој знае да се служи со зборовите), дека забележал дека неговите сетила се целосно мртви, дека веќе и чудата не го возбудуваат, оти отрпнал на невозможното, кое во циркусот го имало премногу; дошол до ситуација, велеше, чудата да му станат секојдневие, и посакал да се врати од малото небо (веројатно мислеше на циркускиот шатор), под големото.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Забележа дека ја намести устата како да ќе затруби но место тоа, место претчувствуваниот звук, чу прашање: „Не ми рековте - женет ли сте?“
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
Сметам дека постои можност она што изгледа најисправно во Витгенштајновите гледишта во оваа област, имено, барањето за јавни ограничувања во поглед на стекнувањето и употребувањето на компетенцијата за следење на правилата, може да биде замаглено по пат на неговото поврзување со вакви незадоволувачки последици.
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
Ова може да се согледа доколку се спојат две опсервации.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Не можев да му дозволам така да си поигрува со тебе, чичко Бен.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Чувствував како се потам под мишките и под грбот и одбивав колку што можам повеќе, дури грабајќи ја чинијата и тргајќи ја од себе, но тоа не ја обесхрабри тетка ми Марија да се наведне над масата и со сета сила да ми го стави парчето месо во чинијата, при што стомакот го макна во нејзината недојадена чинија со супа, но до крајот на вечерта воопшто не забележа дека под папокот ѝ се налепиле неколку зрна ориз.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
Бидејќи забележаа дека на своето тело нема отвори како што тие имаа (очи, нос, уста, уши итн), тие одлучија секој ден да му поклонуваат по еден отвор.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
(3) Во Линдевата реплика на „тркалото“ столчето и тркалото изгледа како да прават сенка на ѕидот, но повнимателните набљудувачи забележуваат дека сенката е всушност илузија, внимателно нацртана со молив на ѕидот од страна на Андре Рефреј, француски уметник кој пред 15 години подготви серија од 12 илустрации во гваш-техника, кои го прикажуваа животот на Дишан, а кои беа наменети за ретроспективнта изложба во центарот Помпиду.
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
Игбал продолжи да молчи и забележав дека веќе летаме со килимот и дека сме на спротивниот брег на езерото.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Или, отстранувајќи го велот на циркуларност, можеме да кажеме: секој од зборовите во фамилијата има значење благодарение на неговата мрежа од релации на спротиставеност со останатите членови од фамилијата, односно, неговата разлика од нив.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Дури отпосле, тука нашинците ќе забележат дека кенгурскиот скок не е скок во далечина или во височина ами вистински скок во длабочина.
„Кревалка“ од Ристо Лазаров (2011)
Не е како опојниот жар на тропските краеви кој како со тупаница те удира во глава, заводнички и распален.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Зборувајќи за Чинго непрестано посакуваме да забележиме дека понесените загрижените и поетски раскази на Чинго се одликуваат и со едно својство што денес станува сѐ поретко: тоа се покрај другото убави раскази што оставаат длабоки траги и во свеста и во срцето.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
И продолжи мирно да си го пие кафето, но јас забележав дека станува сè понервозна и знаев дека тоа не е поради „дувнувањето“ на Љубе, туку поради невраќањето на Саше.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Досега не сум забележала дека доручекот игра толку значајна улога, не од медицински или нутриционистички аспект, туку во мерењето и доживувањето на времето, истекувањето на минутите, часовите, деновите, месеците и годините.
„Вител во Витлеем“ од Марта Маркоска (2010)
ЛЕКСИКОН
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)
Одејќи по нив, Трајче забележа дека им се палтата одзади поткренати и дека под нив нешто носат скриено.
„Волшебното самарче“ од Ванчо Николески (1967)
Подоцна и таа забележа дека ѝ прави нешто со рацете, го праша, и тој ѝ кажа.
„Прва љубов“ од Јован Стрезовски (1992)
И навистина, одеднаш забележа дека е смалена, згрчена, збрчкана, пеплосана, со шамија на главата ама со одврзани краишта.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Тој токму за мирисот забележа дека смрдеата овде е, така да речам морална - хе-хе!
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
Но, веднаш забележав дека таксистот не се движи така како што е нормално, туку заобиколуваше низ разни улици и си помислив дека ја користи ситуацијата дека не сме тукашни па нѐ вози по заобиколен пат за да може да земе повеќе франци.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
-Луѓето забележуваат дека паѓа снег, но ретко кој успева да го следи танцот на снегулките.
„Мудрецот“ од Радојка Трајанова (2008)
Се погледнав во огледалото ѝ забележав дека, кога ќе се насмеам дупчињата на образите ми ја прават насмевката поубава.
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
Задлабочена во својата апстрактна психоанализа не ни забележа дека веќе длабоко завлегла во денот.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Старецот рамнодушно забележа дека луѓето веројатно го гледаат како тој да е човек, но тој нив ги гледа и разбира сосема поинаку.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Кога ги здогледа, забележа дека Билјана е целата насмеана, но Мирко не беше весел.
„Раскази за деца“ од Драгица Најческа (1979)
Воскресија забележа дека Игора го заинтересира судбината на соседот: - Ќерка ми Марија кажува дека кога ја собира прашината од книгите во неговата библиотека, видела и многу записи и цртежи на јагули, пеперутки, кози, оружје и што не…
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
Единствена светла точка на постоењето на синдикатот е „џентлменскиот договор“ постигнат помеѓу вработените и „реномираниот“ купувач, тој како иден газда – во наредните пет години – да не врши никаква промена во однос на бојот и систематизацијата на работните места.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Треба да се забележи дека во образложението на Судот има доста неточни работи, што гемиџиите не би можеле доброволно да ги кажат, тие, по сѐ изгледа, биле изнудени од властите, зашто им конвенирале.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
Те нема дури ни формално: доколку внимателно ги препрочиташ сите 64 нејзини писма, коишто (впрочем!) го претставуваат најдобриот и најинтересен дел од Твојот епистоларен роман, лесно ќе забележиш дека Елен Лејбовиц Тебе секогаш Ти се обраќа со неутрална формулација Господине, а безмалку во секое обраќање нагласува дека информациите (за Тебе и за Твоите книжевни и други планови) воопшто не ја интересираат.
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
Требе тука да му е врталишчето на виа грацките кумити шо сакаат да не запустат“ — и почна да му реди на Пецето Бабовско разен бакалак: две оки шеќер, полока кафе, стодрам црвен пипер, една вреќа сол, тенеќија газија итн. дури Алекса, Бајракот и Ѓуро не излегоа од визбата.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Дури сега забележав дека колената ми беа голи, дека панталончињата на моето братче светеа со газенцето, дека фустанчето на сестричето на две места беше скинато, дека бевме парталави.
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
Излегов значи на 17 овој месец на балконот и речиси веднаш забележав дека соседот од лозјето под мојот имот, спомнатиот Наум Светиев, ми дава знак да му се придружам.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
На радоста ѝ немаше крај кога, по неколку дена, забележа дека стебленцето се исправило. Пркнале ливчињата.
„Тврдина од пепел“ од Луан Старова (2002)
- Почнав да се оџарувам околу себе. Всушност бев забележал дека го нема Бушавиот.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
И кога застанавме пред тешката, дрвена, со железни прачки окована врата, Филозофот забележа дека се плашам: „Колената ти се слаби“, рече.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
„Тоа, хе-хе... Овде веќе нашиот филозоф почна да замаглува.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
Статистичарите забележале дека зеленилото на овој парк му го даваат 6.000 иглолисни дрвја на големата шума во паркот која е култивирана, испресечена со патеки, во кои софијанецот и обичниот патник, во пеколно жешките дни, можат да се освежат и одморат, а најмалите софијанци да се наиграат зашто тој е начичкан со детски игралишта...
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Фимка забележа дека во неговото бледо, подуено лице болскаат мали, тркалезни, безбојни, натрапливи, превртливи, проникливи и студени очи, слични на очи на гладно прасе.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Во текот на еден преглед, докторите забележале дека се јавува нов израсток во усната шуплина на Зигмунд.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Тој ќе забележи дека во Македонија имало многу малку индустрија.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
Во сето тоа имаше нешто невредливо, нешто што ме доведуваше до чудна магија да пронајдам во себе и друго дете, не она што се ведне пред големината на Баждар, среќно кога овој го забележува дека тоа дише прав од овој свет, туку дете со скоро созреани мисли: ова е злото, ова што стана денес.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
Воопшто не забележаа дека некој ги гледа, а таа тивко, без збор, скоро без здив, се врати во својата соба.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
По некое време, забележав дека во одајчето претрчуваат две Ишиња.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
Мислам дека ова да што речиси случајно втаса до мене всушност требаше да биде замена за некое прашање што Даскалов се подготвувал да го постави.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Со широко насмевнато лице се вртеше де наваму, де натаму и се обидуваше нешто да рече.
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)
Преку ова двојно, И прецизно раслоено (стратификувано), поместено И поместувачко, писмо, ние исто така мораме да го одбележиме интервалот помеѓу инверзијата, која го снижува она што било возвишено, И нападното појавување на еден нов “концепт”, концепт кој повеќе не може да биде, И никогаш не би можел да биде вклучен во претходниот режим.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
„Неа ја сакам..., сакам мали цицки“. Човекот со лузната се изнасмеа уште погласно.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
Уште пред да изгрее сонцето, со прв писок на некоја птица и со ослободување на зеленилото од темна сивотија, последните стражари, Јордан Шоп и Куно Бунгур, се спуштиле бледи и со набабрени очи од блага височина од која можело да се надгледува околината и ги разбудиле луѓето да побрзаат да се измијат доколку најдат поток и да ги спрегнат говедата што по она малку сено, проџвакано во тие први дни од враќањето, стоеле на своите места со покорно обесени глави.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
По извесно време забележав дека и татко ми навечер чита некои книги.
„Друга мајка“ од Драгица Најческа (1979)
Кога стигна до ранчот, забележа дека Сем Галовеј не е таму.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Дури тогаш писателот забележува дека стигнал при крајот на седмата страница, дека околу него се множат нови пливачи и дека тој станува некако сè повознемирен...
„Човекот со четири часовници“ од Александар Прокопиев (2003)
Веднаш забележа дека се променила на некаков тежок начин за опишување.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Кога ме виде како ја прибирам во кутија, мајка праша: „Што е тоа?“ „Ластовица,“ реков, заклопувајќи ја кутијата.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Исто така забележа дека пред да исчезнат, одат до шалтерот за билети, му кажуваат нешто на службеникот и добиваат билет.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Забележав дека меѓу прстите сѐ уште го стискам она памукче со кое ја симнував шминката од очите.
„Братот“ од Димитар Башевски (2007)
Белки Господ не забележал дека носам во раката нож додека му се обраќав!...
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Еве ме пред еден од нив, во потрага по индивидуален излез по завршената мисија...
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Во тој момент Рада не ни забележа дека се наоѓа пред дрвената порта на својата куќа, а веќе еден топол бакнеж беше се залепил на нејзиниот образ.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Всушност забележа дека Радуле и Стојна го напуштија тремот.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
Ја дигнав раката да го оттурнам од мојата вода; Целото мое видно поле го сосредоточив на кучето кое требаше да се потчини на моето движење и наеднаш забележав дека тоа е проѕирно.
„МАРГИНА бр. 10“ (1997)
По зборувањето и некои одредени муабети забележав дека пак се разочарал од ревиите. Веројатно не биле многу успешни.
„Знаеш ли да љубиш“ од Ивана Иванова Канго (2013)
Потоа забележува дека тоа е неговата Давидова ѕвезда пришиена на неговото палто, што по наредба од новите власти, мораат да ја носат сите.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Таа, иако многу помлада од него, прва забележа дека промената во нивниот живот не е промена само зашто тој се потурчил и се оженил за неа, или затоа што тие го смениле местото на живеењето.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Тоа е цела алеја од „рози“ а статистичарите забележале дека 10.000 китки трендафили и уште 200.000 китни разни други цвеќиња ги красат алеите по сиот парк.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Тие забележаа дека жената што доаѓаше кај нивниот син, секогаш право на горниот кат, од задниот влез, по скалите по кои се одеше дотаму без да се помине приземјето, почна да останува и на спиење.
„Омраза - длабоко“ од Драгица Најческа (1998)
И покрај напорите на грчката држава од 1913 година да го промени етничкиот карактер на делот на Македонија под Грција со присилна асимилација и со денационализација, Еванс сепак ќе забележи дека "Македонците останале Македонци и македонскиот јазик останал домашен јазик… на полето, на селските улици и на пазарот", а наспроти тоа грчкиот јазик "се смета речиси за странски јазик, на Грците не им се верува ништо, во целосна смисла на зборот се сметаат за туѓи".
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
Во секидневието татко ми не водеше разговори, само поставуваше прашања а мажите се трудеа да го задоволат неговото љубопитство, но притоа не се стеснуваа да забележат дека се плашат овој негов зафат да не излезе буричкање со маша по згасната пепел.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
Застана пред портата на својот истоименик и забележа дека Едо не го ставил резето на портата.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
4 Веќе структурализмот го отфрла гледиштето дека една фраза има значење благодарение на тоа што го изразува самиот поим како таков.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Забележав дека и денес, веројатно без да сум свесен за тоа, повторно ми шета низ размислите оној необичен збор Грофот што се наоѓа придодаден кон името на мојот иследник.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Но, кога забележа дека републичкиот секретар со видлив интерес и климање со главата одвреме-навреме го следи говорникот, се предомисли да реагира.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
Тој ја деконструира самата хиерархиска структура предлагајќи една алтернатива која што е сосема нова и нехиерархиска.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Работата го обзема, па не ни забележа дека денот одамна беше го минал пладнето и полека почна да се губи зад ридјето.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Дури тогаш неговите најблиски соработници, Пајо Ентропија и Даркер, забележуваат дека работите вечерва не се ни толку забавни ни едноставни, и бргу (веќе задоцнети!) ја испразну­ваат салата.
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Во неколкуте години живот во Франција, во земјата која катарзира низ литературата, земја во која читањето е и еден вид колективна молитва на голем дел од населението, забележав дека читателот во вашата земја има своја стабилна индивидуалност.
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
II Додека ја ставаше раката на кваката, Винстон забележал дека го оставил дневникот отворен на масата.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Еден блок понатаму поминав покрај пар гаќи што лежеа во еден вир и забележав дека беа моите; ми испаднале од задниот џеб додека трчавме кон твојата куќа.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Дури сега забележа дека таа има подгорени веѓи.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
И јас ја прашав Јана дали забележа дека некој ја следи?
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Дури сега забележав дека таа шиеше свечен фустан, за свадба или сунет, кој беше малку бароктен во боите.
„Ниска латентна револуција“ од Фросина Наумовска (2010)
Погледнав кон Денко Самоников и веднаш забележав дека ништо не се случува на неговото лице!
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
За миг, им се оттргна на безизлезните размислувања, кога на часовникот забележа дека наближува времето на закажената средба во Судот, со другарот Чапаев.
„Тврдина од пепел“ од Луан Старова (2002)
Правејќи осврт врз дотогашното пишување на сојузничкиот и неутралниот печат, Тито во статијата ќе забележи дека во дотогашната светска историја тешко ќе се најде пример на „поголем цинизам и неправда што се направени на еден народ којшто поднесува толку големи жртви“, за најпосле да можат сојузниците сепак да увидат „кој се бори во Југославија и кому треба да му се помогне“.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
Така ја пробдеа ноќта мачејќи ја постелата, па најпосле ненаспан го отфрли стутканиот покривач и забележа дека станал на десна нога.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Древниот антагонизам помеѓу убавецот и кампот ни помага да разбереме зошто геј-културата е толку неспојлива со геј-сексот. ‌Се занимававме со геј-културата, а не со геј-сексот, па се држевме за женствената страна на оваа традиционална родова поларност – каде што се наоѓаат и кампот и дрегот.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Американецот забележал дека се вознемирив од пораката.
„Знаеш ли да љубиш“ од Ивана Иванова Канго (2013)
Забележа дека многу му се моча и почувствува извесно изненадување, затоа што мочаше пред само два или три часа.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Преку големите стакла на очилата, Мајка забележа дека му навираат солзи.
„Тврдина од пепел“ од Луан Старова (2002)
Имамот, убаво се најал, ја пофалил сопругата за јадењето со многу состојки, но кога забележал дека во подрумот нема храна, се онесвестил. Сите весело се насмеаја, вкусувајќи ја варијантата на Мајкиниот имам бајалди.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Сонцето весело грееше.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
Не забележал дека семафорот ги променил боите.
„Младиот мајстор на играта“ од Александар Прокопиев (1983)
Татко се насмеа. Забележа дека Камилски беше подготвен за акција.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Забележав дека и тетка Рајна гледа само натаму.
„Друга мајка“ од Драгица Најческа (1979)
Братучедите тогаш забележаа дека на улицата под авлијата се собрале едно чудо селани и занемено гледаат кон молкот на фронтот што сите нив ги удираше в лице како некоја пареа од отворена утроба.
„Будалетинки“ од Мето Јовановски (1973)
Кога ја токмеше за пат, Боге забележа дека освен бензин нема ни масло, а инаку колата беше токму, тапацирот на седиштата беше на место: фино некое друштво.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Хормоните ми се вознемируваат, што би рекол тој, кога ќе забележам дека такво нешто сторил кога сум бил отсутна.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
За среќа беше темно и никој не можеше да забележи дека вратата од Малчовата куќа беше од злато.
„Билјана“ од Глигор Поповски (1972)
Нападите врз Рада доаѓаа од сите страни. Во еден миг само забележа дека Никодин пропаѓа во столот. Младен го крена за да се соземе.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
На моето објаснување дека Катерина и Јана не беа девојки туку жени тој не знам зошто додаде дека сум инсистирал на неутврдени факти.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Кога забележа дека блондината гледа во него, еден од браќата се насмеа. „Ти се допаѓа тој?“ праша и не чекајќи одговор рече: „Ако не бевме ние, оној, твојот, ќе го убиеше.“ Отец Симеон се промешколи во ќошот и ја дигна главата.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
3. Забележете дека публиката на големите надморски височини и публиката во земјите на север е претежно претпазлива во текот на изведбата, додека публиката во приморјето и во топлите земји ги изразува своите чувства било кога (кога ги има, секако).
„МАРГИНА бр. 10“ (1997)
Зар сè што беше нејзино ѝ го презела од Аванос?
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Не бев сигурен за што точно размислуваше Роза, таму, на игранката, но забележав дека со лесни женски движења на левата рака, бркаше некоја мушичка што ѝ сновеше околу трепките, а потоа наеднаш ме погледна и речиси прошепоти: „Нели, умните ги праќаат во лудница за да ги снема, а нас, лудите, нѐ оставаат овде, да бркаме мушички. Убаво збогатување на секидневието.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
Веќе беше забележано дека овој напад, доколку се покаже како успешен, не само што блокира еден извесен начин на размислување за тоа како ние зборуваме, и учиме да зборуваме, - за нашите сопствени ментални состојби и процеси, туку засега и некои поопшти епистемолошки преокупации; имено, покажува дека на „картезијанскиот“ пристап кон прашањата во врска со знаењето може да му се упати особено остар предизвик.
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
И наеднаш забележав дека Грофот е станат и дека жестоко удара со тупаницата по бирото. – На што алудира твојата дрскост - се пењавеше Грофот? – Какви се тие приказни за заговори, за манипулации?
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Но, забележа дека девојката стана уште понервозна.
„Омраза - длабоко“ од Драгица Најческа (1998)
Сомнеж (Suspicion), 1941г. •Хичкок: „Сигурно сте забележале дека Сомнеж е мојот втор англиски филм снимен во Холивуд: англиски актери, англиски амбиент, англиски роман.
„МАРГИНА бр. 22“ (1995)
Дури кога се врати на сламата, ранетиот забележа дека пушката му е тука, потпрена на камениот нерамен ѕид.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Седеше и мавташе со нозете, како што го прават тоа малите деца; водата прскаше наоколу; но кога забележа дека сеуште ја гледам како да се збуни, и веројатно токму збунетоста беше причина да посака понешто и да ми објасни.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Загледан во албумот, одлетан со мислите, Богдан не забележа дека над него во короната на борот долета избегано улиште пчели.
„Животраг“ од Јован Стрезовски (1995)
И кога стигнавме горе, забележав дека сите околни планини и ридишта лежат под снег.
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
Признавам, особено ми беше мило кога забележав дека девојчињата ме загледуваат, нешто си шепоткаат и си го слушав сопственото име.
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)
„Да, забележав дека си некако повреден“, рекла таа.
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)
Се загледав сега во сарделата и забележав дека лисјата ѝ венеат и ливчињата од цветовите брзо отпаѓаат.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
На тоа сепак нема да се задржувам, само ќе забележам дека, според Вилхелм Фридеман, кралот и Бах размениле формални поздрави.
„МАРГИНА бр. 17-18“ (1995)
Вториот ден М излезе да се прошета попладне и забележа дека има две различни сенки.
„Азбука и залутани записи“ од Иван Шопов (2010)
Мрамор 1
„Две тишини“ од Анте Поповски (2003)
Таа сигурно се родила како последица на лошите случувања со авторите на неумесните шеги!
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Само таа во нашето семејство знае француски. Ние тројцата сме „Англичани“.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Но кога стигна во Јапонија, забележа дека работите не стојат онака како што ги прикажал Марко Поло во своите Патувања.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Можеби затоа што забележа дека ѝ зјапам во деколтето.
„Азбука и залутани записи“ од Иван Шопов (2010)
Оние седум црнчиња со бели заби и кадрави коси, оние што еднаш ме најдоа на работ на џунглата, беа само малку поголеми од мравки но, сепак, забележав дека ми мавтаат.
„Сенката на Карамба Барамба“ од Славко Јаневски (1967)
Меѓу два залака варена пченка тренираме продолжен запир на здивот и дури утре ќе забележиме дека сме испокасани од невидливи мушички.
„Ситночекорка“ од Ристо Лазаров (2012)
Потоа застанавме пред голема лимена врата во хоризонтални вдлабнатини и дури кога почна автоматски да се отвора сфатив дека се наоѓаме во гаражата, која е всушност кујна, а и влез и излез за целото семејство.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
Арсо забележа дека Долгиот сега оди слободно исправен. Ги забрза чекорите.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Мама ме погледна и кога виде дека ја слушам внимателно, продолжи да ми раскажува.
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)
Сигурно забележа дека мирисам, па сега ми се смее, си помисли Ема и ја спушти главата.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
Кога слегов во холот на хотелот забележав дека само мене ме чекаат.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Ќе Те потсетам госпоѓа Лејбовиц неа ја дефинира како литература која и не се занимава со друго освен со длабините на душата (Старова, 2008: 10).
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
Тој дотогаш не забележал дека тие ги кријат рацете зад грб.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Несоменено, информациите од извештајот ја подигнале мобилноста во редовите на Форин офис.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
Треба да се забележи дека, освен ЦК, малкумина позначајни раководни личности биле уапсени по Солунските атентати.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
Но кога ја донесе таа одлука, се наоѓаше во едно гратче во Висконсин од каде тој ден никој не патуваше.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Сега забележа дека го исклучиле парното – рацете ѝ беа студени.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
Климент Камилски, откако забележа дека момчето доволно се оддалечило и не може да го слушне, подавајќи ја главата од прозорецот на чардакот извика: Комунистички мангупи!
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
7. Неколку месеци по операцијата забележав дека, тајно, пак почна да пушиш.
„Седум години“ од Зорица Ѓеорѓиевска (2012)
Откако убаво ме избакнува и ги натера и двете деца да ме бакнат по неколкупати во образите, ме доведе во дневната соба.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
Зашто, со право може да забележи дека опусот на овој автор е значаен чин во македонската литература, иако своите дела тој ги напишал и објавил на англиски јазик.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Тогаш ме забележаа дека јас влегов.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
„Што е ова чудо!?“ удираше врз катедрата наставничката, со намера да забележиме дека е влезена и да нѐ смири.
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)
Не забележал дека има смалување на ефектот поради редовното земање, ниту пак паднал во искушение да ја зголеми дозата.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Затоа тогаш не го прими Видана, дека мислеше оти Благуна малку истргала за својата постапка, и оти неќеше да им даде можност на другите да го шетаат од уста до уста и повод лесно да се измируваат со стореното. Но и не престана да мисли на нив.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Александар забележа дека Павле му намига... хммм веројатно мисли дека јас и Бојана сме пар.
„Браќата на Александар“ од Константин Петровски (2013)
Секој обид за чистење на јазикот од семиотичките траги на Другиот во јазичната супстанција, води кон крвопролевање: Во еден од заклучоците на Татко и Камилски, беше забележано дека во историјата на народите, на балканските посебно, според кои и настана поимот на балканизацијата, по етничките чистења на народите, обично следеле и чистења на јазиците од туѓите заемки, а понекогаш редоследот бил и обратен...
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Професор Освалд ја пофали стабилноста и долговечноста на пирамидите, но тоа не го толкуваше како резултат на вербата во вечен живот, туку како борба за него, и забележа дека тие безобразни, неприродно симетрични и едноставни маркации, осамени во безмерноста на пустината и времето, по најкраткиот пат од широката основа до точката на врвот совршено го отсликуваат постапното, непобед­ ливо трошење на човечкиот век.
„МАРГИНА бр. 6-7“ (1994)
Те сакам онака едноставно, наивно, додека мислиш дека сѐ уште чекаш, да не забележиш дека те обожавам, во страв дека во таа љубовна река твојата љубов ќе пресуши, како што те сакав досега. Оддалеку.
„Портокалова“ од Оливера Доцевска (2013)
Со овој амандман, кој е дел од корпусот уставни интервенции за т.н. „реформа на правосудниот систем“, се замени дотогашниот чл. 15 од Уставот.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
- А јас бев во Африка, - реков и го помилував кучето што старецот го спушти пред мене.
„Сенката на Карамба Барамба“ од Славко Јаневски (1967)
Умно забележа дека е тоа прекрасна креативна врска меѓу амбасадорите на две пријателски земји, велејќи дека пишувањето книга за тоа би претставувало драгоцен прилог за обете земји.
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
Дури тогаш забележа дека до него стои Теми. Стои и молчи.
„Тополите на крајот од дедовата ливада“ од Бистрица Миркуловска (2001)
Мора да си замислувам, си помислив, но како што почнав да се убедувам во тоа, слушнав уште еден придушен чекор и звук на чешање по глава.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
Жената на која сè уште не ѝ го знаев името, иако Б. С. ми го спомна, забележа дека љубовта не е горчлива додека тоа не го сторат оние што се бават со божемното добронамерно матење и буричкање по лонецот на туѓите чувства.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Дури сега забележува дека од џебот на мантилот го извлекла чистото бело шамиче и механички ги брише очилата за сонце.
„Слово за змијата“ од Александар Прокопиев (1992)
До бес. „За твое добро“, рече другиот. „Ајде не спротивувај се.“ Пак опцу и дури тогаш забележа дека вратите на неговите соседи се подотворени и дека низ темните пукнатини на таа отшкринатост ѕиркаат врели очи на притаен страв...
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Кога го читавте транскриптот од овој филмски извадок, сигурно забележавте дека толпата, составена главно од геј-мажи кои ја гледаат изведбата на Липсинка, бурно извикува кога ја изговара репликата: „Па зошто не можеш да ме удостоиш со почитта што ја заслужувам?
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Дури тогаш забележав дека е тоа некоја книга на француски што мајка ми ја заборавила во мојата соба.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Еден ден, тоа беше по утринската гимнастика, таа забележа дека една од четите нема рамни редови и не се слушна еден одглас на чекорите.
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
Во аналите на стариот париски хотел Monsieur le Prince било забележано дека во истата соба број 17 престојувал гостин кој заминал, со купови книги, додуша во помал број отколку 15 години подоцна, но овој гостин, бидејќи се работело за книги, бил толериран до крајот на престојот.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Пред да го испие млекото, Фонтејн вели: „Те молам испрати го по пошта писмово кое ⥊ го напишав на мајка ми”.
„МАРГИНА бр. 22“ (1995)
Рози забележа дека Кети ја гледа и срцето се зргчи поради тоа.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Види, јас никогаш досега не сум забележал дека пред нашата куќа нема ниедна улична светилка.
„МАРГИНА бр. 17-18“ (1995)
Винстон забележа дека мебелот е сѐ уште разместен така како собата да е наменета за живеење.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Во таа прекрасна врева не забележавме дека одморот завршил и дека веќе влегла наставничката по македонски јазик.
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)
Занесен од откритието, Татко не забележа дека тука беа стигнале и секретарот на комитетот и градоначалникот.
„Тврдина од пепел“ од Луан Старова (2002)
Бидејќи брзината на светлоста е поголема од брзината на звукот, најпрво ќе светне, па дури по некое време ќе згрми.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
- Што уште забележа, иследничке моја? - Забележав дека татко му постојано другарува со чашката, а мајка му е змија која сака да доминира во секоја состојба.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Воодушевен од патетичната глетка, ја слушам неговата песна. кога ќе забележиш дека те нема и продолжиш да чекориш како ништо да не било како сенка залепена на чевлите што одат во место во ритмот на навиките и погледнеш во огледало стакло или поток и кога ќе забележиш дека и таму те нема измени го светот и изненади кај не очекува затоа што те нема Натоварен со желба за муабет и римување, влегувам во станот на мојот буквално стар пријател. 58 Margina #19-20 [1995] | okno.mk
„МАРГИНА бр. 19-20“ (1995)
Болниот Неделко Шијак пак се обидел да се исправи - сака нешто да каже, никој не го слуша, никој не забележува дека е жив.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Операционализацијата т.е. спроведувањето на проектот во Македонија беше доверено на НВО Алумни на студенти кои студирале во дотичната држава – здружение на граѓани во кое не постоеше синдикат.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Затоа додека беше мал го сметаа за несмасен, а кога подрасна забележа дека тоа му е табиетот - сега веќе не трчаше туку само брзаше, а сè помалку се сопнуваше барем од сопствените чекори.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
На шпанскиот монарх Фердинанд ќе му забележи дека тој, осиромашувајќи ја Шпанија, ќе му овозможи да ја збогати Османската Империја со умовите на прогонетите Евреи.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Тој ги прими многу љубезно, а кога се подготвуваа да си одат, се посоветуваа како би можеле да му го возвратат гостољубието.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Уште при средбата со него во Долнец, забележав дека во него се кошкаат еден опсесивен собирач на голи факти и еден љубопитен посматрач на туѓите судбини, полн со емпатија.
„Братот“ од Димитар Башевски (2007)
На второ место, човек не може а да не забележи дека во литературата за овие прашања постои изненадувачко прифаќање без двоумење на философската психологија за која Витгенштајн смета дека е особено релевантна за размислувањата околу следењето на правилата и нивната поврзаност со аргументот за приватниот јазик. 66 Margina #15-16 [1995] | okno.mk
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
Првите обиди за производство на сопствен порцелан во Европа датираат во самиот почеток на XIII век, но крајниот производ бил некаков порцелански сурогат.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Кога се сврти, забележа дека во левата дланка стегаше роза. Розата го обеспокои.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Дождот престана додека да се искачам по скалите до перонот на Е1.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Даскалов веројатно забележа дека го следам неговото однесување па наеднаш како да се сепна.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Уште кога влезе Марија, Елена забележа дека е уште подобра со здравјето од последниот пат кога ја посети.
„Омраза - длабоко“ од Драгица Најческа (1998)
Кога излеговме на тремот, забележав дека секаде е темница освен во далечината каде се гледаше одблесокот од градските светилки.
„МАРГИНА бр. 10“ (1997)
Неговото здравје беше лошо. Беше слеп и покриен со чиреви.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Го познаваш? - Забележав дека го повишив гласот, и веднаш сфатив оти избрзав.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
Петтиот ден М излезе да се прошета наутро и забележа дека е мрак.
„Азбука и залутани записи“ од Иван Шопов (2010)
2 Самиот процес на вработување, уште од старт, беше доста специфичен, бидејќи К.П. забележа дека, при самото вработување, главен збор имаа странските финансиери, а не домашните спроведувачи на самиот проект!?
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
На поставеното прашање за неговите чувства кон Маре речиси со иронија забележа дека нема потреба да си вообразуваат работи што се надвор од секоја логика.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
Не те задева и не те прави да сакаш да умреш за него.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Но кога Винстон повторно погледна скришум во разореното лице на Радерфорд, забележа дека очите му се полни со солзи.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Боге од Бањи потоа многу сериозно ми забележа дека народната поговорка играчка - плачка не настанала случајно.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Мајка ми се насмеа, ама забележав дека ја разбра сета сериозност на моето предупредување и ми се причини дека ѝ е жал за мене, што толку голема мака си имам и што не е способна да ме ослободи од неа.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Сега кога излегов, забележав дека хартијата што утрово ја изнесов, ја нема.
„Раскази за деца“ од Драгица Најческа (1979)
167 За време на својот престој тој забележал дека македонските села Грците ги именуваат како “бугарски“, дека под режимот на Метаксас македонскиот јазик бил целосно забранет, и според него, било “многу тешко да се процени односот меѓу македонското и грчкото население во областа северно од Солун, но судејќи според јазикот кој се зборува, јас би рекол дека доминираат Грците“.
„Британските воени мисии во Македонија (1942-1945)“ од Тодор Чепреганов (2001)
- тивко пеејќи не забележа дека баба ѝ е влезена во одајчето и ја слуша.
„Молика пелистерска“ од Бистрица Миркуловска (2014)
- Пред два дена – рече мирно.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
И кога веќе бев сигурен дека ќе се слизнам во водата и дека со мене наскоро ќе се гости страшната ѕверка, забележав дека со голема брзина се приближува еден чамец во кој имаше четворица ловци на крокодили.
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
Иако дружевме речиси само овој ден, веќе бев забележал дека при секое несогласување реагираше со иронично климање на небричената брада и со ширење на носниците кои во еден момент ми заличија на преполн магазин необични чудења.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Го наполнив стомакот онолку до колку можеше да ми се прошири, но тетка ми ненаситно продолжуваше да ми ја пренатрупува чинијата со уште месо и уште компири: - Ништо не јадеш! - ме убедуваше таа, иако веќе едвај имав сила да џвакам, - на што личи ова, па не се срами! - ме силеше.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
Да не гледал на тие работи немало ни да забележи дека имало и такви и такви, кои рекле, и кои не рекле фала.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Таа состојба, немав точна информација дали можеше воопшто да се влошува, но забележав дека тоа престана да ме интересира.
„Ниска латентна револуција“ од Фросина Наумовска (2010)
Откако навлегле неколку метри под земја, Орце забележал дека правецот не бил нормален - се отишло доста лево.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
Многу коментатори забележаа дека ова е проблематичен поим.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Најпрвин забележал дека треварот се влече безволно и тромаво под тежината на литата гуња, лапа утрена свежест со рибја уста и ги допира со криви прсти ребрата како да пребројува на нив апежи на полски пајаци-крвопијци или како да пребарува да не му се впијат в месо клобурчиња на сивозелени крлежи што останале по нагонска зајачка игра на местото на кое спиел.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Но и се покаја поади изненадувањето кога веднаш потоа забележа дека колата е со битолска регистрација.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Беа толку занесени што не забележаа дека пристигна еден жолт автомобил и од него излегоа еден маж и една жена.
„Тополите на крајот од дедовата ливада“ од Бистрица Миркуловска (2001)
За ваквото однесување може да се случи и да ве повикаат на одговорност - втаса да ги предупреди сите тројца, откако забележа дека го слушаат.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Како што зачекорив внатре, чевлите ми пропаднаа во пуфчестите јазли и застанав закопан во место, бидејќи забележав дека само јас сум влезен во куќата, а тетка Олга ги соблекува своите чевли надвор, на килимчето пред вратата.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
Почувствував и некој чуден, многу силен мирис, и тогаш забележав дека мостот веќе не е бледожолт како што беше порано, туку е премачкан со жар-црвена боја.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
Оти, јас, наставничке, колкупати таму сум забележал дека некој во неа живее.
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
Расмеани се погледнаа и забележаа дека ќе врне. Си рекоа да побрзаат.
„Будалетинки“ од Мето Јовановски (1973)
Додека ме внесуваше во собата каде што спиеше речиси не забележав дека излегуваат некои луѓе.
„Знаеш ли да љубиш“ од Ивана Иванова Канго (2013)
Јас му велам: Па како да одам, а тој нареди да ми се даде коњ.
„Три жени во три слики“ од Ленче Милошевска (2000)
Затоа и побрза да додаде: - немам сретнато писател кој не е спремен со секоја постапка да ги разурнува скалилата на својот сон а притоа воопшто не забележува дека всушност трча по патот што води кон идеалната празнина.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Иако соочувањето со несакани последици додека се обидуваме да ги подобриме нештата не е некој нов феномен, Тенер забележува дека технологијата толку многу го зголемиле ефектот што ние сега мораме многу повнимателно од кога и да било порано да ги проценуваме потенцијалните последици на нашите постапки.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
„Мислев дека луѓето ќе се чувствуваат отворено и со љубов едни кон други.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Јас будалиот се јадосав дури кога забележав дека тој ги пуши моите цигари.
„Балканска книга на умрените“ од Мето Јовановски (1992)
Исто така им недостигаат и школи од повисок степен.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
Првпат, по толку мои идења, забележав дека солунскиот пазар е многу посиромашен со пиперки, домати, за разлика од кај нас, дури и поскап.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Чаршијата овозможувала развој на повеќе занаети како, на пример, изработката на кожа, волна, восок.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
„Не е,“ реков. „Крвта е црвена, ова е кафена боја.“
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Жената која седеше до мене забележа дека ги слушам туѓите разговори, и дека се обидувам да не ги слушам.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Александар забележа дека луѓето им се тргаат од патот додека поминуваат низ тесните перифериски улици, излегуваат од малите дуќанчиња и ги поздравуваат со благо поклонување, а кога сакаше да му плати на продавачот на ѓевречиња, тој тоа принципиелно го одби.
„Браќата на Александар“ од Константин Петровски (2013)
Љупчо ја кажа вистината. И сите забележаа дека се вцрвев.
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)
Ама бидејќи се толку брзо се одвиваше, не можејќи во паника да ги изброи, туку само ги следеше, не успеал да забележи дека дел, неколцина, од пустите Турчишта, на кривината низ шумата се одвоиле од другите.
„Ветришта“ од Радојка Трајанова (2008)
Забележала дека носи некакви необични чевли... вели дека никогаш порано не видела никој да носи такви чевли. Значи, изгледало дека е странец.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Застанав. Се обѕрнав наоколу. Ништо не ми беше јасно. Ни каде сме ни колку сме оддалечени.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Само стои и само гледа. Каменот му ја подзема мислата, му шепти, и квечерина, кога се обиде тој да си ја поткрене раката и да му одмавне на каменот забележа дека веќе неповратно отпатувал: се скаменил.
„Ненасловена“ од Анте Поповски (1988)
- Молам? – се вчуди патникот прекривајќи го своето лице да не биде забележан дека ги нема мустаќите, брадата.
„Авантурите на Дедо Мраз“ од Ристо Давчевски (1997)
„Чао. Како досега не сум забележал дека имаш уморни и тажни очи?“ Навистина, како не сум забележал?“
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
Стрелав со погледот наоколу и прецизно забележав дека некој го забележа тоа.
„Знаеш ли да љубиш“ од Ивана Иванова Канго (2013)
Толку се бев занел што воопшто не сум забележал дека дедо ми, кој седеше на столче крај огништето, веќе неколку пати ми велел да одам надвор и да донесам дрва.
„Маслинови гранчиња“ од Глигор Поповски (1999)
- Знам дека сите летови се сврзани со ризици - реков и забележав дека се насмевнува.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
- Ти, Мали, знаеш уста да затвориш? – конечно се разбуди Јане и ја подаде главата низ врата. – Што има за јадење? – беше неговото второ прашање.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Македонката ѝ подаде еден лист на Пелагија со имињата на децата и потпишувајќи го таа забележа дека имињата на децата се на грчки, само не направи никаков инцидент.
„Црна билка“ од Ташко Георгиевски (2006)
Но, откако нејзините претпоставени одбиваат, па 219 дури во нејзиното „работничко досие“ забележуваат дека нејзе наводно и престанал работниот однос не доброволно, туку поради недоаѓање на работа три работни дена последователно (!?) – таа решава да се консултира со адвокат (А.Шоптрајанов) и да поднесе индивидуална тужба против аптеката во која порано работеше.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Тогаш едниот од нив му открил оти и тие забележале дека нешто необично се случува.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
Забележав дека Јана не е веќе овде, иако до пред малку стоеше покрај мене.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Тој дури сега забележа дека заправо за сето време го држел показалецот од левата рака токму на тоа место меѓу листовите, за да не си го загуби редот во читањето.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
Нели и самиот Даскалов забележа дека погребот под Сина Скала никого нема да го изненади.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Ако забележите дека ви се потребни сѐ повеќе таблети да го постигнете ефектот, не ја зголемувајте дозата, едноставно престанете да земате најмалку неколку недели. okno.mk | Margina #8-9 [1994] 127
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Не бев ни забележала дека веднаш по мене излегле двете машки деца од братот на Вера и со чудење и нејасно за нив сочувство гледаа во мене.
„Друга мајка“ од Драгица Најческа (1979)
Знаев дека станува збор за прекар. Но од каде? Зошто?
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
И тогаш забележа дека сите врати и прозорци од куќите се затворени.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Исто така, забележете дека целта на деконструкцијата не е да се конституира некоја нова држава на “тиранија” или “неправда”.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Впрочем, ед­наш, кога испече јагула во тава, според начинот како што ја подготвуваше нејзината свекрва, а ни ја донесе рибарот од соседството, забележа дека Татко не сакаше да ја вкуси.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Го премерив Абраш и забележав дека, освен што е за половина глава повисок од мене, нема кој знае какви мускули.
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
Оваа логичка основа потполно го подрива аргументот на Rychlack дека „Kelly (1955) скоро дал дефиниција за предикацијата кога забележал дека, „Подредените системи се детерминирани од надредените системи под чија јурисдикција се наоѓаат” (стр. 78)” (Rychlack 1991, стр. 243).
„МАРГИНА бр. 3“ (1994)
Кога Винстон се сврте од пултот со подавалникот во рацете, забележа дека малото човече оди право кон масата на девојката.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Она, кога неумесно забележа дека „можело да се случи нашиот обид и да успее“.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Зошто, тој не кажа.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
И јас оставив другари и другарки, па помислив дали некој денес забележал дека моето место е празно?“
„Тополите на крајот од дедовата ливада“ од Бистрица Миркуловска (2001)
Ваквото нејзино однесување во најмала рака ми се чинеше чудно.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
И забележа дека десната нога и е неподвижна.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Пелагија силно си ја стисна долната усна со забите, до срце ја заболе, ама оти зафатена со принесување на разни понади не пушти глас, а и никој не забележа дека си пуштила дури и крв.
„Црна билка“ од Ташко Георгиевски (2006)
- Не сум слушнал за такви нешта. Ти ги измисли? - сериозно се исчудуваше Господ Саздов.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Во однос на бројната состојба на НОВ и ПО на Југославија, Тито ќе истакне дека "денес ние имаме армија од 300.000 борци, опремени со оружје, што го земаше од непријателот.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
Треба уште да се спомене барем делото на Piter Bogdanovich (Разговори со Хичкок, кои се некаква претходница на Трифоовата книга). Margina #21 [1995] | okno.mk 43 МАЈСТОРОВИОТ ПОТПИС За време на снимањето на Станар (The Lodger 1926), Хичкок забележал дека на сцената има малку луѓе; наместо да ги чека новите статисти, тој накратко самиот застанал пред камерите.
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
4. кога се враќав од јапонија не можев а да не кршнам малку од истокот понаисток а понаисток се вика кјото како што поназапад се вика токио понаисток некако е потопло во просторот на насмевката понаисток резниња тишина се лулеат на небото а и сонцето е некако поинакво наутро весело од изгревање напладне клапнато бара сенка за отпочин од толку многу изгревања и од толку многу запнувања на златниот и на сребрениот храм во кјото секогаш да им се позајми повеќе блесок да не би да се луѓосаат и да подгрбават да зарѓават а да бидат уште живи како што им се случува на мнозина кои и не забележуваат дека одамна им се скинале пантолоните на времето во кои се навреле којзнае кога којзнае како и којзнае зошто пред храмовите на кјото дурлат води отежнати од историски искушенија дурли во водите без омекнувач меката душа на градот во водите пред храмовите во кјото птиците парадно се огледуваат па потем не може да се изнагракаат од среќа отшто во воденото огледало биле толку лични прелични во водите прд храмовите на кјото има и многу меурчиња од последниот здив на исчезнатите има и меурчиња од празни зборови има и удавени тешки зборови и не се знае какви тешки метали од зовриените води пред храмовите на кјото се прави најубав јапонски чај од јасмин на пример кој се срка додека на телевизија врват најновите вести а на врв вести ново биро за изгубени работи и едночудо ослепени од толку зјапање во иднината на дното на вестите празнина како на дното на зеленото шише од изглоканата вода макаршто вестите на телевизија секаде се есапат како канти за полевање на заблудите кога се враќав од јапонија многу ќе згрешев ако не кршнев малку од исток понаисток и ако не се поздравев со калиграфите кои приклаваат секој колку што може во ќуповите во кои се варди душата на градот тие приклавај други отклавај тие зелен спокој другите црн неспокој и едните и другите петпари не даваат кога се разминуваат со рикшаџиите како со жива теглечка сила за кои веќе нема сенки под искастрените гранки на старите дрва а не им е ни предодредено да се пробијат до првите редови од каде што најубаво се гледа најубавата кабуки танчерка понекогаш на рикшаџиите им потекуваат од очи глазирани зрна ориз веќе наизуст ги научија говорите на сите политички и еколошки митинзи и ним како и на говорантите отшто се толку дотерани како за на кадро никој не им верува колку мака си теглат за вечер да каснат едно обично ќофте и да отсонуваат една голема топка сладолед од ванила.
„Ситночекорка“ од Ристо Лазаров (2012)
Одговорот беше само насмевка во која почитта кон прашањето, а тоа значи и кон родителот, се најде на последно место.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Кога селаните забележаа дека Богдана одамна го нема да излезе во градината, дознаа дека е тешко болен и некои од сожалување почнаа да го посетуваат и да му носат понади.
„Животраг“ од Јован Стрезовски (1995)
б) Правните средства за заштита на работниците се зголемија од три на четири експлицитно споменати, плус еден имплицитно одреден правен инструмент – меѓутоа, ќе забележиме дека тие се „расфрлани“ во различни членови и не се групирани на едно место: – Првиот заштитен инструмент е писменото барање до работодавачот да го отстрани кршењето на правото (чл. 181, ЗРО/05): a) имено, aко работникот смета дека работодавачот не му ги обез- бедува правата од работниот однос или крши кое било од неговите права – може да поднесе барање до работодавачот, овој да го отстрани кршењето, односно да ја исполни својата обврска; б) исто така, ако работникот смета дека, со писмената одлука на работодавачот, е прекршено неговото право може – во рок од осум дена од врачувањето на таа одлука, да бара од работодавачот истото да го отстрани.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
За него немало никакво двоумење или колебање дека „жителите не се ниту Грци, ниту Бугари или Срби или Хрвати. Тие се Македонци“.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
- Постојат и такви денови: наеднаш ќе испливаш од големите тежини, или ќе помислиш дека си испливал, а всушност тоа е моментот кога клапнуваш а без да си свесен за положбата во која си се нашол.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Александар не забележа дека Бојана сега оганот од нејзините очи го има насочено кон него.
„Браќата на Александар“ од Константин Петровски (2013)
По фактичкото прераспределувањето, кое се случи во септември 2002, во пресметките на платата, тој забележа дека ја добива само основната плата без додатокот за минат труд, на што реагирал усно – при што му е одговорено дека настанала некаква „грешка“!?
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Кај Миќо дома немаа боја, не можев пак да си ги светнам чевлите, и забележав дека со нив станува некоја необична промена.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
„ВРАЌАЊЕ” ОД ИНДИЈА Тој ден, кога поверував дека „ја имам за дружење”, забележав дека мајка ми е некако променета.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Лета забележа дека се растажив над сопствената судбина на дете без баби и дедовци и веднаш ја смени темата.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Графоцентризмот во овој контекст речиси личи на Драјфусовото протерување на Ѓаволовиот остров, а Дерида како Емил Зола кој него го враќа назад.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Фелоус им посветува обемна, речовита и богато поткрепена книга, Страст за зачувување (2004), на „геј-мажите како чувари на културата“. ‌Како и јас, Фелоус сака да ги истражи разновидните начини на кои геј-мажите се разликуваат од стрејт-мажите, начини што – како љубовта кон бродвејските мјузикли – одат подалеку од сексуалното однесување и честопати се пројавуваат уште во раното детство, години пред сексуалната ориентација да се изрази преку конкретниот облик на сексуална активност.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
По неколку дена, Хелвиг забележа дека Карл пишува нешто и дека сака да го скрие.
„Омраза - длабоко“ од Драгица Најческа (1998)
Кети забележа дека Рози не беше облечена во своите панталони, наместо нив беше облечена во син памучен фустан што ѝ ги нагласуваше русата коса и бледилото, како и женственоста.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Бидејќи имаше собрано храна уште за двајца како неа, само што си помисли дека може да се одмори, Буба забележа дека некој ѝ краде од лешничињата и оревчињата.
„Раскази за деца“ од Драгица Најческа (1979)
Александар чии мисли беа заминати на ливадата зад дедовата куќа, не забележа дека музиката почна повторно да свири.
„Браќата на Александар“ од Константин Петровски (2013)
Додека минуваше крај мене немав смелост да ја погледнам во лицето и не знам дали таа забележа дека веќе бев седнат на масата меѓу адвокатот и полицаецот кој малку поназад од мене стоеше отпростум.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
Тогаш забележав дека Ло Тек замолкнаа.
„МАРГИНА бр. 19-20“ (1995)
Ќе забележите дека при крајот на приказната доаѓа до едно сексуално преиспитување, иако тоа не се гледа во самиот текст.
„МАРГИНА бр. 1“ (1994)
Погледнав во дон Хуан и кога ја свртев главата, забележав дека видното поле ми се сведе на кругот пред мене.
„МАРГИНА бр. 10“ (1997)
И капетанот Мекдоналд забележал дека “Грците македонските села ги именувале како “бугарски“.355 Во однос на територијалните барања на Македонците, капетанот Мекдоналд истакнува дека тие “вкучуваат дел од Солун и северно од него“.
„Британските воени мисии во Македонија (1942-1945)“ од Тодор Чепреганов (2001)
И додека ѝ се восхитуваме и насладуваме на глетката, не забележавме дека на соседната клупа седнаа двајца мажи на чии лица изразито се гледаат старечките брчки.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Парацелзус бавно изусти: – Патот е Каменот. Појдовната точка е Каменот.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
„Трите академски идеи кои навистина ме интересираат се: она што мојот учител (говорејќи за Сезан и кубизмот) го нарекуваше „ротирачко гледиште“; сугестијата на Марсел Дишан да се досегне Неможноста на доволно визуелна меморија за меморираниот впечаток да се пренесе од еден на друг сличен предмет; и Леонардовата идеја...дека границата на телото не е ниту дел од зафатеното тело ниту дел од околината на атмосферата“.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Почна да се стемнува, запаливме дури и светилка надвор, па навалија мушички и ноќни пеперутки од сите страни.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Не забораваше исто така да напомене дека голем бил бројот на оние што го почитуваат.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Еден од нив, една жена, беше упатена во собата 101 и Винстон забележа дека се стресе и побледе кога го слушна тоа.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
- Знам, - реков јас, и забележав дека таа не се изненади.
„Друга мајка“ од Драгица Најческа (1979)
- Дали си забележала дека ако некоја облека не ја фатиш долго време, е полна со прав, и ако е затворена во кофчег а правот во кофчегот не може да влезе?
„Ветришта“ од Радојка Трајанова (2008)
Речено сторено, но потоа се забележало дека од бунарот избива чад, па се досетиле дека Чанга и козите добиваат храна од добро организираните козари.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Едо, додека чекаше пред телефонската говорница, забележа дека е ова некое пусто место каде што жив човек во ова време не наидува.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Првиот ден М излезе да се прошета на пладне и забележа дека има две исти сенки.
„Азбука и залутани записи“ од Иван Шопов (2010)
Меѓутоа, нешто подоцна, после некои дваесетина минути, забележав дека килимот веќе не е рамен и безживотен туку дека се претворил во поле од раздвижени и разбранувани влакна слични на движењето на морските саси или на пченичното поле изложено на ветар.
„МАРГИНА бр. 10“ (1997)
Нишајќи се со рацете ставени на грбот, со некое држење на филозоф или некој древен мудрец кој е длабоко потонат во сопствените мисли, на едно од стеблата на дебелите дрва забележа дека некоја битанга со нож имаше издлабено: I work for money, don’t give me loyalty, cause I’d rather do blow job to your dog ...
„Вител во Витлеем“ од Марта Маркоска (2010)
И можеби затоа, кога пак погледна на Велика и Зоја, забележа дека поттреперуваат нивните бради, дека во очите им виреат и се вртат солзи, тогаш кај неа во градите нешто се прекрши, ја фати грч и ѝ се присака гласно, на сет глас да заплаче, да залелека, да заофка и коса да си корне.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
- Не ти се случува понекогаш да размислуваш гласно? - прашувам.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Можеби забележа дека сета таа ситуација ми е привлечна и сфати дека со тоа полесно ќе ме освои.
„Знаеш ли да љубиш“ од Ивана Иванова Канго (2013)
Ако не му биле и потаму покриени очите со павлаката на ноќта што во далечина сѐ уште го влечела својот сив опаш, откако се прекрстил кон источната светлост Онисифор Проказник забележал дека Никола Влашки поцрнел, дошол некако испиен во лицето, со многу поостри брчки околу пропаднатите очи и отколку што можел да ги има по десет години.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
И не забележа дека, спротивно на домислената поговорка, несвесно ја отвори кутијата (за среќа, не Пандорина) и вади цигара.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Па сепак забележав дека од усните и наѕирнува насмевката.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Сефардските Евреи во Скопје ќе ја донесат и својата религија, а во нејзина чест тука ќе ги подигнат храмовите Бет Јаков и Бет Ахарон.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Солзи му надојдоа на очите. Келнерот што поминуваше забележа дека неговата чаша е празна и се врати со шишето џин.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Тоа беше всушност моментот кога за првпат го изрази задоволството дека во нашиот поток нема пијавици.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Со време забележав дека и глувчето се привикна на мене.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
Низ книгите ги откривавме и нејзините сликари, Карпачо и Белини, Џорџоне и Лото, Тицијан и Веронезе, Тинторето и Тиеполо.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Престигнувавме и остававме далеку зад нас други коли со дипломатски ознаки.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Кога црната гасеница се извитка натаму, надуена мислиш сега ќе пукне, следена од од писокот и црната врвка кадеж, кога побегна во недогледниот простор а го остави својот здрак, Пелагија забележа дека пред станицата стојат таа и шефот на станицата, а за другите, особено децата што остануваа да ја завршат годината на школувањето, стана свесна многу подоцна.
„Исчезнување“ од Ташко Георгиевски (1998)
За среќа, најстариот калуѓер забележа дека бардето со вода беше замрзнато, па Бајко се предложи, наместо измеќарот, тој да тркне до чешмите на крајот од панаѓурот, да наполни тазе вода, и за пиење, и за миење.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Кога се врати дома Марија, сите забележаа дека лицето ѝ свети од радост.
„Омраза - длабоко“ од Драгица Најческа (1998)
Сега таа се пресегна прва, зашто прва забележа дека таква можност се отвори.
„Балканска книга на умрените“ од Мето Јовановски (1992)
Татко забележа дека Камилски одвреме-навреме погледнуваше во своите белешки.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Во тој случај, тој ќе им плука во бунарите и сите ќе ги зарази со чума и сите тие во претсмртното стенкање ќе заборават на рајот.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Но и не знам дали треба да се кајам или да се радувам што предоцна забележав дека онему чевлите му се одврзани.
„Балканска книга на умрените“ од Мето Јовановски (1992)
Мајка ѝ забележа дека тоа ја сневесели Марија.
„Омраза - длабоко“ од Драгица Најческа (1998)
Си реков човеков има потешкотии со сите тие листови што постојано си ги пика во носот за да ги прочита, а потоа, како да се згадил од прочитаното ги фрла тие листови од пред себе.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Но Климент Камилски веднаш забележа дека Татковата библиотека има посебен идентитет.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
- Кога забележа дека го нема? – ја распрашував додека ја превртувавме наопаку цела куќа.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Ако сретнеш Југословен во ресторан ќе забележиш дека консумира шампанско.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
– Се враќав од потокот, и забележав дека доаѓате – додадов. - Да!?
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
(...) Еднаш кога го посетив работеше на сликата со име Автопат.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Додека минуваше пред мојата маса забележав дека одот и беше вообичаен; чекореше мирно, со одмерен такт што нејзините црни чевли со ниски гумени потпетици го произведуваа во допирот со ламинатот.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
Почна да се подместува во сепарето, а тој забележа дека над горната усна почнаа да му се собираат капки пот.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
Но, забележете дека почетната точка на научното објаснување беше потполно неочекуваното и навидум неверојатното согледување дека со спојување на два прилично активни гаса можеме да формираме течност и тоа таква течност чии особини радикално се разликуваат од својствата на нејзините составни делови.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
Се насмевна кога забележа дека ја гледам гребаницата на неговото чело.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
И, да признаам: и покрај болките и грдата несоница, па и неизвесноста во која се наоѓав, многупати ќе забележев дека ме водат чудни мисли; дека во тие ноќи во дворот на Басотови тонам и во необични соништа!
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
И по некој миг забележав дека од горе, од кај селото Шкумбин доаѓа жена.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Овие отидоа до мостот и претпазливо се качи едниот на него, отиде полека до средето, но не забележа дека сиот мост се ниша.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Во едно од попладнињата, откако ги изнесов столчињата на балконот и ја поткрепив мајка да седне на едно од нив, забележав дека на работ од балконот лежи мртва ластовица.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Кога ја врати назад на масата, забележав дека на неговите раце немаше ниту саѓи, ниту траги од јаглен.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Заклучи дека патуваат на некое друго место.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Човекот во сина облека забележа дека може да се случи редот да се растури и прати поглед по неговата должина.
„МАРГИНА бр. 34“ (1996)
Трајче ја искористи брзата стрелба од Горјана и брзо доползи кај Горјана, му ја предаде муницијата и забележа дека од петицата на Горјан му тече крв.
„Волшебното самарче“ од Ванчо Николески (1967)
Учителот Николов забележа дека имам дарба за сочинување.
„Добри мои, добар ден“ од Глигор Поповски (1983)
Во очекување да започне разговорот со Сојузниот министер за надворешни работи Будимир Лончар забележав дека тој сепак ја имаше задржано сликата на Тито, но не над неговата глава, туку на споредно, незабележливо место.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Си беше заминал. Тоа беше причината на глас да се засмеам.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Не знам дали забележа дека во ниеден момент не ја наметна темата за брак и мајчинството.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Цињка се стрчува и кога пречекори праг, забележа дека покрај неа ја нема високата и стројна самовила облечена во бел фустан.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Во другиот агол, како земна противтежа на таа симболика, претставена е оваа сцена: комшиската мечка се искачила на плотот со намера да прерипне ваму, но во последниот момент забележала дека долу подмолно ја демне песот Шаро, готов да ја задави.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
Едно попладне на почетокот од јуни, кога Матилда го остави јас да го причувам додека таа бараше лекови за Зигмунд низ Виена, Хајнерле ми рече дека мора да е многу убаво сега во парковите, а јас само климнав со главата, „И цветовите сигурно чудесно мирисаат,“ продолжуваше, јас промрморев нешто, потврдувајќи, додаде дека и птиците сигурно пеат поубаво отсекогаш и двапати свирна со устата, имитирајќи птица.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Но кога се собра народот во дворот, во чудо забележа дека совршената скулптура Човекот од снег и Оној-што-се-пресоздава-себеси ја нема на местото на создавањето.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
Како добар аналитичар Еванс забележал дека македонскиот народ во тој дел на Грција, иако немал национална интелигенција, а исто така и организирана национална дејност, и покрај теророт што бил практикуван од страна на претставниците на државната власт, особено селското население во поголем број останало тука и јасно го дефинирало својот македонски идентитет.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
Едноставно се усмерувам за да не се забележи дека мислам на она онаму, каде што има нешто. Има, толку многу, има.
„Читај ми ги мислите“ од Ивана Иванова Канго (2012)
Додека ја набљудуваше жената во нејзината карактеристична поза, со цврстите раце кренати кон жицата и со истурениот широк задник како на кобила, тој за првпат забележа дека е убава.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Капки летаа низ целиот тоалет. Неколку паднаа врз огледалото и врз мијалникот.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
Кога забележа дека сме со намера да се браниме, а не да бегаме, како да се разлути.
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
При бледата светлост забележив дека тој е од зелените, од оние што не ме сакаат; ми рече: - Сè ми е познато.
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Додека последните од деветмината гости (Челичната Шепа, Човекот-Мува, Фантом, Кокино, Толос, Едвард Клешторакиот, Хулк, Хари Лајм и Старецот Зосима), што од алкохолот што поради сопствената неможност да бидат побрзи, сепак некако успеваат, сопнувај’и се, да ја напуштат таа огромна сала (едно од тајните скривалишта на господинот Сенка), дотогаш Пајо Ентропија и Даркер ладнокрвно ги пре­крстуваат рацете, чекајќи да се затвори вратата. 88 Margina #21 [1995] | okno.mk -И вие двајцата - им вели Сенка, откако сите други ќе излезат, на Пајо Ентропија и Даркер, кои чекаат наредби.
„МАРГИНА бр. 21“ (1995)
Кога Илко забележа дека очите на сите им одат кон ковчеџето, и тој го сврти погледот кон него и рече: - Го зедов од мерак...
„Јанsа“ од Јован Стрезовски (1986)
- А, кога ќе забележат дека ми го нема велосипедот? – прашав.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Сите мислевме на Зигмунд – Ана се грижеше дали му заздравува оперираното место, мајка ми се плашеше да не е тоа некоја поопасна болест а не обичен израсток, Мина внимаваше тој да има мир за може да се посвети на своето пишување, Марта не му дозволуваше да се преморува во работата со пациентите, Матилда постојано набавуваше нови лекови, јас правев сѐ да не бидам премногу упадлива во настојувањето да бидам што е можно почесто кај него, придружувајќи ја мајка ми, и така не успевавме да забележиме дека Хајнерле сѐ повеќе и повеќе слабее, дека главчето му се претвора во неколку прамени руса коса под која светкаат испакнатите очи и темнее зеленикавата кожа, никој не помисли дека му треба разговор кога го слушавме како, додека разговаравме за Зигмунд, си шепоти некои зборови самиот за себе, не го прашавме од што сѐ има страв, кога видовме дека го плаши чаша превртена со дното нагоре а отворот поклопен на масата.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
„Бев во трето одделение кога забележав дека особено ми е мило едно дете.
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)
Кога пристигна, почна да ги набљудува луѓето околу себе и забележа дека луѓето кои влегуваа во железничката станица го напуштаа градот и таа повеќе никогаш не ги гледаше.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Тој толку беше занесен, отпатуван, што не забележал дека завршивме со пеењето, дека знамето веќе се вееше.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
”, и би очекувале камерата да ни ја покаже реакцијата на изненадените сојузници, кои дури сега забележуваат дека го спасиле непријателот; но не, камерата останува фиксирана на Вилиевиот гро план, а реакцијата на бродоломците можеме да ја разбереме само онака како што се огледува на лицето на Вили!
„МАРГИНА бр. 22“ (1995)
Потоа Камилски забележа дека поврзаните капиџици можеле да обединат цело маало, од еден во друг двор, без да се излегува на улица.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Во меѓувреме, јас ќе ви испратам еден примерок од книгата“, - Винстон забележа дека дури и О'Брајан го изговара зборот како да е курзивен - „ од Голдштајновата книга, сфаќате, што е можно поскоро.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Истовремено забележа дека иако беше близу дваесет и еден часот, дуќанот беше сѐ уште отворен.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Тогаш забележав дека вратничката нè води во куќата, туку во еден широк двор.
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
Наставниците уште на првите часови од второто полугодие забележаа дека Мирко дојде многу поподготвен.
„Раскази за деца“ од Драгица Најческа (1979)
Даниел дотогаш не беше забележал дека Том нема врат и дека огромната глава, со мека и кадрава коса му беше длабоко всадена меѓу рамената.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Но, забележа дека девојката ја слушаше рамнодушно, дури со здодевност.
„Омраза - длабоко“ од Драгица Најческа (1998)
Во џебот напипав некаков клуч, го извлеков, се запрашав од што е и со чудење забележав дека не е изрежан.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Најстариот меѓу нас, Симон Наконтик, дојде како од плеснива икона на која заборавен светописец ја раскажал Тајната вечера на апостолите и ме повика да седам до него крај огнот.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
И чека сѐ додека не забележи дека стравот ти влезе в коски, дека ти го совлада мозокот, те фати за грклан, за гради, те стега, те гмечи, те дави, дека губиш виделина и кога ќе види дека почнуваш да се гушиш, да трепериш, да губиш виделина, тогаш знае дека во тебе го внесе зајакот; престанува да тропа чизмата на подот, тупаницата да удира на масата... од очите му се одлива крвта, на усните му се појавува некаква скриена итрина и без да откини поглед од тебе, ти подава ливче и тивко, тукуречи добродушно, ти вели: - Читај! Гласно!
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Сјајните и виолетови плодови на патлиџанот, пресечени на половина, издлабени во средината, со пријатно горчливиот вкус, беа како голем букет составен од разнобојниот испечен зарзават во кујната.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Во еден момент на разум Винстон забележа дека и тој вика заедно со другите и дека жестоко удира со петицата по ногата од својот стол.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Со бегол поглед во ситото забележа дека меѓу прстите држи една крупна грутка која не се просеа.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Тој се заврте и Ливајн малку се изненади кога забележа дека типот има по две сребрени ленти на секое рамо.
„МАРГИНА бр. 1“ (1994)
Јас по изразот на нејзиното лице забележав дека таа средба и е непријатна и Вера како да сакаше да ја избегне.
„Друга мајка“ од Драгица Најческа (1979)
Сепак, забележав дека меѓу публиката ги немаше главните од Маказар, водачите на протестот во врска со водата.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Прво, морав да се обидам да се контролирам при испуштањето гасови поради тоа што не сакав да ги разбудам роднините и да ги потсетам сите дека им се оди во тоалет, а уште помалку сакав да ги слушам скоро нечујните чекори на тетка ми како патролираат пред вратата и чекаат да влезат внатре за да ги исчистат моите гомненици од нејзината шолја.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
И токму кога сакав да го прашам Абрам каде и кога ќе разговараме насамо, забележав дека Мечка, божем случајно, му ја подметна ногата на Влатко-Цвик, кого што ние понекогаш го викаме и Окомен, а нему тоа му се допаѓа, зашто му личи на Супермен.
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
-Не знам од каде гласовите - вели таа - наоколу е таква тишина.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Наместо да работат на поле или да поправаат земјоделска механизација, повеќе сакале да работат низ куќа, а на многумина од нив тоа добро им одело: бавчанџиство, готвење, правење зимница, редење цвеќе, украсување, шиење и други работи со игла.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Погледнувајќи назад, тој забележа дека двајцата копачи го гледаат и почувствува дека тие гледаат во неговото колебање и затоа брзо се сврте и зачекори накај кулата.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Од соседната зграда повторно згрмеа петарди и истрели, брзо се повлекоа од балконот, влегоа, ја затворија балконската врата и седнаа да гледаат новогодишна ТВ - програма. Не забележаа дека фатило да снежи... ***
„Тополите на крајот од дедовата ливада“ од Бистрица Миркуловска (2001)
Така замислена, со името на Дине во себе а со сликата на Дине пред себе со двете жени што го држат едната од едната страна другата од другата страна како да го черечат, не ни забележува дека гасеницата од вагони се преместува од колосек на колосек и на крајот запира со еден силен дрангож.
„Исчезнување“ од Ташко Георгиевски (1998)
Во овој прв бран масовни отпуштања Божиновски, за среќа, останува во компанијата.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
И се прашуваше, најискрено, дали поранешната редовна работна смиреност, барем во периодот 8-11 или 16-20, не е еден вид изолираност од инспиративниот хаос наречен ЖИВОТ?
„Човекот со четири часовници“ од Александар Прокопиев (2003)
А тогаш, во моето детство, во мојот страв и мојата болка, само мама забележа дека нешто се пресече меѓу мене и брат ми.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Витгеншајновиот аргумент за приватниот јазик претставува напад врз идејата дека може да постои јазик кој би можел да биде разбран единствено од неговиот корисник, т.е. логички приватен јазик. 64 Margina #15-16 [1995] | okno.mk
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
Пак се погледнаа, проверија уште еднаш и кога сакаа молкома да продолжат забележаа дека дождот стивнал, а воздухот околу нив станал одѕвонлив чиниш и на дишење.
„Будалетинки“ од Мето Јовановски (1973)
Лета ме прегрна соучеснички.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Кога се приближи, авторот забележа дека е изразито црномурест, необично црномурсет.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Со олеснување забележа дека неговите напори не останаа попусти.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
- Уживаш не само да чукаш на машина туку и да создаваш вести! А за тоа не те плаќаат.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Сите ученици забележија дека Крсте непрестајно се дружи со Стојана и Нешка и не можеа да си објаснат од каде дојде ова зближување.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
На земјата околу мостот имаше неколку стврднати капки црвен песок, а тука веднаш стоеше една канта со четка.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
- Обиди се да заспиеш. Те чека работа.
„Пупи Паф во Шумшул град“ од Славко Јаневски (1996)
Војниците ги следеше цело време, па кога виде дека вниманието им е на друга страна, забележа дека не го гледаат, веднаш се сокри зад еден ѕид за миг, а потоа кога се пушти во бегство така брзо колку што го држеа нозете.
„Ветришта“ од Радојка Трајанова (2008)
Денеска, шетајќи се покрај реката, Сани забележа дека овој пејсаж е различен од okno.mk | Margina #32-33 [1996] 164 било кој друг.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Ги гледа сликите и забележува дека некои периоди од животот му се празни, не се сеќава што се случувало во нив, а на некои периоди се сеќава во детали, во ситници.
„Животраг“ од Јован Стрезовски (1995)
По онаа победа во трката на 60 метри станав популарен.
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)
Оваа светлина која поучува како најотворено да се разговара со себеси, упатува на оние карпи, на оние камењари кои доколку подолго ги гледаш ќе забележиш дека и не е така тешко да се стане и камен! Дури и - мрамор!
„Две тишини“ од Анте Поповски (2003)
Тулио Бути и не помислуваше што сè ќе претпоставуваат неговата стопанка и ќерка ѝ кога ќе забележат дека тој секоја вечер седи вака во мракот.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Тетка ти забележа дека си бил ретко убаво детенце – со црна кадрава коса и црни насмеани очи.
„Слово за змијата“ од Александар Прокопиев (1992)
Ако некој ми ги преброи, ќе забележи дека немам два листа. Па што ако ги немам?!
„Градинче“ од Бистрица Миркуловска (1962)
При овие нејзини зборови, мајка му забележа дека остри брчки се појавија на челото на Хелвиг.
„Омраза - длабоко“ од Драгица Најческа (1998)
Но, проблемите почнуваат 2002, токму по изминатите пет години, кога менаџерскиот тим на компанијата најавува отпуштање на ¼ од вкупниот број вработени – и тоа по разни основи!?
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Добро забележа дека таа на неколку пати најкрадешкум што можеше го погледна за да види дали има зошто да се плаши, како што заклучи тој.
„Човекот во сина облека“ од Мето Јовановски (2011)
- Сестри... Но и без нејзиниот повик жените биле улиште што ќе истури брчење и лутина на отров врз неговата глава на која еднаш, како што можело да се поверува, веќе налетале куп оси.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Томпсон овој извештај го нарекол "крајно интересен" и забележал дека "ако е точно, изгледа дека Македонските Словени не се толку занемарливо малцинство како што досега се сомневало" и дека извештајот само потврдувал дека грчкиот став спрема Македонците, кои тие настојувале да го прикажат како "релативно пасивна незаинтересираност, практично бил многу полош".
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
Таа дотогаш не беше забележала дека Крсте ја гледа, та дури чудо ѝ стана кога слушна дека овие му се фалат и сакаа дури да го тепаат заради неа.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Единствено сега можам Од денес па за навек цолза да сронам за сѐ во животот што не сум сфатила Ако, некогаш утре ја здогледам пак твојата трага што мирно ме следи прикриена, но драга кутрото твое суштество што не знае за тага нема да забележи дека љубовта наша е веќе остарена Заб бел лежи, го бележи Времето и злото А бремето тежи во ова бремено утро што тебе те раѓа за појасно да видиш – она што вчера било засекогаш во заборав паѓа А она што денес не си те молам биди...
„Сите притоки се слеваат во моето корито“ од Марта Маркоска (2009)
Се заниша и дури кога ја олабави левата рака забележа дека дотогаш, ни сам не знаејќи, го носел детското чеволче.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
Постојат привремени вечности запишани во песна и постои живот кој е умирање: Ја искашлувам последната прашинка вдишана на детско игралиште ?* Влегов ли дома и дали воопшто забележав дека куќата ми е претворена во забавен парк?
„Азбука и залутани записи“ од Иван Шопов (2010)
Тоа беше најсигурниот знак дека ѝ приоѓам на неговата намера.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
- Васил, извини. Само знаеш... - тука забележав дека крајчињата од устата благо ѝ се свија во малечка, горда насмевка, каква што имаат луѓето кога не сакаат да се фалат и да се перчат за нешто, а не можат да си го скријат задоволството, - очекувам и други, битни гости во текот на оваа недела, - тука пак подголтна како од скриено задоволство, - па сакам да ми биде чисто.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
Разгледувајќи ги внимателно краиштата на хартијата, забележав дека се стуткани повеќе отколку што се чинеше дека е потребно.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Па се знае - Марко свири, за да ѝ се лепи на Соња.“ Сиот се вцрвев.
„Клучарчиња“ од Бистрица Миркуловска (1992)
Без да се обидуваме да дадеме врамнотежено толкување на целиот мит, сепак ќе забележиме дека карпата и орелот можат да се согледаат како две страни на мајката, за која некој е врзан: (карпа: „гранитни гради на очајот”) и која го прождира (орелот).
„МАРГИНА бр. 22“ (1995)
Зошто тогаш би биле важни разјаснувањата на околностите?
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Мнозина критичари забележаа дека Павиќ е предводник на европската Постмодерна.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
А јас будалиот дури сега забележав дека чевлите не му се врзани.
„Балканска книга на умрените“ од Мето Јовановски (1992)
Кога А.А. забележа дека е отиден предалеку и дека сме ние сепак „друга публика“, макар што јас постојано внимателно го следев, а тоа најмногу го поттикнуваше, на крајот упати јасни пораки до нас: - Внимавајте, почитувани гости, Атеистичкиот музеј на нашата пролетерска земја не е наивна институција.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Стапалата и ги завитка со влажната крпа, се забради со црната шамија и тогаш забележа дека на големите прсти од нозете Циљка нема нокти.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Кога влегов во "мојата" соба, забележав дека е всушност собата на Никола и дека поради тоа тој мора да спие на друго место, а јас во неговиот син кревет, опкружен со слики од колички, авиончиња, и за мене непознати херои од видеоигри.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
И сега дури јас сфаќам, зошто! okno.mk | Margina #17-18 [1995] 165 РЕВШИН: Јас уште забележав дека тој многу мириса на парфем.
„МАРГИНА бр. 17-18“ (1995)
Како втора опсервација, забележете дека тоталитетот од сите лингвистички ентитети, односно, самата текстуалност, е структурирана според една бинарна опозиција.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Го гледав со љубопитство и со болка но не забележав дека ужива во резултатите на своето дело.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Што му направија за сите девет месеци интернација...?  И види: Застанат пред огледалото, Макс Мертен го вади коскеното чешле од внатрешниот џеб на сивиот ленен костум и сака строго да ја зачешла својата мазна фризура, кога забележува дека нема лице.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Винстон забележа дека таа никогаш не употребува зборови од Новоговорот, со исклучок на оние што беа поминале во секојдневна употреба.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Уште тогаш забележал дека градот не можат да го спасат од странски упади никакви одбранбени ѕидови, граници, како што може тоа да го стори природата.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Таа се приклучи во редот, внимателно сослуша што лицето пред неа му кажа на службеникот, ги повтори истите зборови и потоа патуваше било каде.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Повеќето од редимејдите нам ни се познати од едицијата што ја подготви Артур Шварц во 1964, каде сите дела се базираат или на фотографии на изгубените оригинали или на самите оригинали, доколку тие се сочувани.
„МАРГИНА бр. 4-5“ (1994)
Како што вели Дерида (5 стр. 26): ... différance нема никакво име во нашиот јазик.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Тој забележува дека фразите доаѓаат во фамилии, често бинарни фамилии, и тврди дека една фраза го има своето значење благодарение на нејзината поврзаност со останатите фрази од таа фамилија, и, особено, поради нејзиното разликувачко место во фамилијата.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Ѓорѓи сврте глава и забележа дека сите се свртени кон него.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Со мене стигна постариот брат, лекарот кој, откако забележа дека здравјето на Мајка постојано се влошува, доаѓаше секој ден да ја види, да ја прегледа, да ја охрабри.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Проучувајќи го, забележа дека таа појава се јавува под дејство на надворешни дразби: кога ќе чуе во сон дека реката му бучи, станува и оди на реката: влегува во неа да се капи; при допирот со водата, се буди, се исплашува и се враќа назад в кревет; понекогаш ќога ќе го чуе кучето да лае, станува, го одврзува и шета со него; кога чкрта прозорецот од ветер, му се чини дека е на лулашка и се ниша на креветот.
„Јанsа“ од Јован Стрезовски (1986)
Му ги зеде рацете и му ги прекрсти на мевот, но смучна со носот налутено кога забележа дека палецот на едната рака му стои пикнат меѓу кажипрстот и средниот прст, како да ѝ покажува шипинки.
„Јанsа“ од Јован Стрезовски (1986)
Неговата крајна констатација била дека "…регионот е природно словенски, а не грчки".
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
Мајка ѝ на Чана набрзина и она си направи крст, а уште повеќе што забележа дека и една друга група од другиот крај на просторијата одеднаш се крена со сѐ пљачки врз себе и се протурка низ луѓето до излезот.
„Исчезнување“ од Ташко Георгиевски (1998)
Кога му се доближи, тој забележа дека десната рака ѝ е во јамка закачена околу вратот, што не се забележуваше од далеку затоа што беше во иста боја како и нејзината униформа.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Барал со поглед дрво од чие стебло или подебела гранка ќе изделка нова оска.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Времето, како и сè друго, беше запрено, ништо не мрдаше.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Дали во интересот за неприкажливото гледате модерно поставување на прашање што настанува врз темелот на новата констелација од проблеми, или барањето на неприкажливото отсекогаш било присутно во историјата на филозофијата?  Можеби сте забележале дека систематски никогаш или само случајно ги употребувам периодизациите како класично, модерно или постмодерно.
„МАРГИНА бр. 1“ (1994)
Така беше до пред некој месец, кога, качувајќи се по скалата (тоа беше само увертира за мојата точка на трапез со Ина и Светлана), забележав дека ја губам рамнотежата.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Кога Андреа забележа дека Ема ја гледа, се сврте накај неа и ѝ се насмевна.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
Ми беше малку шубе да седнам на беспрекорно чистиот кауч, но кога тетка ми ми заповеда да седнам, покорно ја послушав, иако забележав дека никој друг од семејството не го прави тоа без да си земе едно од чергичињата чија намена претходно ми беше непозната, да си го постелат на каучот или фотелјата, па дури потоа да се сместат.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
Тој забележа дека погледот на Винстон тргна кон бројчаникот.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Како што ќе поминам сега до првите клупи, си мислеше Ема додека несигурно стануваше од столчето, сите ќе почувствуваат дека мирисам.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
Деновиве забележав дека колку што работата на бунарот напредува, толку помалку луѓе доаѓаат навечер на гледање сеир и на давање совети.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
И покрај тоа на филмот не му недостигаат хичкоковски потези; така веќе самото ограничување на случувањето на чамецот за спасување среде море не е никаква површинска екстраваганција, туку е втемелена со типична хичкоковска драматургија, кадешто напнатоста од ширината на случувањата се пренесува во „длабочина”, во 156 Margina #22 [1995] | okno.mk заплетканите, удвоени меѓусебни односи - драматичен контраст на некој настан е неговата сопствена темна, задна страна, а не надворешната противигра.
„МАРГИНА бр. 22“ (1995)
Мајка ми забележа дека сум натажена: - Знаеш кога ќе го ставам? Во специјални пригоди.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Човекот во сина облека забележа дека може да се случи редот да се растури, па прати поглед по неговата должина.
„Човекот во сина облека“ од Мето Јовановски (2011)
Но, сега е време барем да забележиме дека постои и другата страна на таа поларност и да кажеме нешто за геј-мажественоста, барем колку за да објасниме зошто досега, нужно, ја запоставувавме.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Директно споредувајќи ги Kelly и Kant, Husain (1983, стр. 12) забележува дека: Кант оди далеку за да покаже дека нашите a priori конструкти се исти за сите човечки суштества и според тоа тие не се лични.
„МАРГИНА бр. 3“ (1994)
Студентот започна да си потпевнува некоја песничка, по што забележа дека покрај него се заседна некаков си субјект во наконтена облека.
„МАРГИНА бр. 29-31“ (1996)
Откако ја погледнав, забележав дека зборот го ставил точно на средината.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Некој рече дека тука е границата.
„Постела на чемерните“ од Петре Наковски (1985)
Вели: „Најнапред му поливав под оревот да си ги измие рацете, потоа почнав да му поливам да си го измие и вратот, и најсетне, кога генералот се свлече до половина, пустата јас, и не ми требаше многу а да не забележам дека тој и не бил само генерал туку и мажиште“.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Така, уште запетлувајќи си ја кошулата и премислувајќи се дали да ја остави преку панталоните или да ја вовре во нив (првото беше недолично за старите, но поудобно за врелите ноќи, а второто попристојно, но и постегнато за потната снага), Ване влезе во кујната и веднаш забележа дека столот на гостинот - натрапник беше празен.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Притисна уште еднаш со прст на тоа место, ме погледна одблиску (и тогаш забележав дека, од што му се црни очите, зениците не му се гледаат), се подистави малку, ја накриви главата, ме изразгледа внимателно и ме потчукна по рамото: - Вистинска Индијка! – восхитено рече. – Како да си овде родена.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Во нејзината насмевка тогаш ми се виде дека има нешто што таа одвај чека да ми го соопшти, ама се воздржува оти смета дека не е сè уште време.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Во исто време, во сета моја возбуденост, забележав дека сајџијата е потполно мирен.
„Пловидба кон југ“ од Александар Прокопиев (1987)
Читателот ќе забележи дека болдираниот текст во „приказната“ упатува на белешка кон крајот на текстот – коишто ги има околу 160 во целата книга и каде што е разработен и објаснет споменатиот правен институт, се разбира онолку колку што тоа го дозволува расположливиот простор и колку што оценивме дека е доволно за ваков тип истражување.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Тогаш забележав дека од ѕидот зад полициската глава се протегаат жици и се губат во неа.
„Пупи Паф во Шумшул град“ од Славко Јаневски (1996)
Тогаш брцнува со раката во внатрешниот џеб, и види, оттаму си го вади лицето, тенко како флиспапир, го положува онаму каде што треба да стои, го притиска со прстите и кога ги тргнува дланките, гледа како од огледалото го гледа лицето на Фирерот.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
А јас во животот сум забележал дека постојат и машки и женски души; на машките душата им излегува по желба, а на жените им ја вадат...
„Јанsа“ од Јован Стрезовски (1986)
Германците беа изненадени кога владиката ги поздрави.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Го ѕиркав, го меркав внимателно и упорно нарисаниот, ги врзав зениците врз неговата лика и, за прв пат, забележав дека таа лика не е светител, дека нема знак и белег како останатите светци.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
„Се обидуваме да не им правиме проблеми на луѓето”.  „Однесувајте се како и досега, Ели”, му одговори градоначалникот на рабинот.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Отла забележа дека, иако се обидував да слушнам што им кажуваат жените на децата, зборовите минуваа покрај мене.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Уште Бодлер забележал дека “дрогата на поединецот не му открива ништо што тој не би бил самиот, т.е. тој, поединец. (...) Секој син под дејство на дрога ќе биде вистински син на својот татко”.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Сега скоро ќе ми биде готова облеката што ја шијам од руската свила, ја знаеш, онаа со жолто-златни шари, од Москва, и можеш да замислиш колку прстенот ќе прилега со неа.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Доаѓа времето кога околината ме забележува дека се вовлекувам во погрешен тунел.
„Читај ми ги мислите“ од Ивана Иванова Канго (2012)
Отпрвин ја фати некоја радост дека сепак не е сама во градот, но веднаш забележа дека таа има впечатливо издолжена сенка што се простираше речиси до неа.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Значи тој знаеше само за онаа моја забелешка кога го спомнав патувањето од самицата па до овде.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Имено, колку уметникот е попродуктивен толку бесмислата на свињите е поголема, а со самото тоа нивната детерминираност на исчезнување поизвесна. • Познавајќи ве толку години, морам да ви забележам нешто; дали ја согледувате опасноста од тие “секташки” оцртани граници (да не речам маргини!) меѓу вас и “естаблишментот”, дали многу пати не сте забележале дека токму луѓето околу вас, најблиските апологети и фанови, се исто толку неталентирани и апатични провинцијалци колку и бирократите прикопчани за дебелото црево на Државата?
„МАРГИНА бр. 26-28“ (1996)
Беше многу врел ден и додека Џед, јас и Валери чекавме лифт забележав дека таа на себе има зимски капут и џемпер и помислив дека сигурно умира од топлина - сепак, ни малку не се потеше.
„МАРГИНА бр. 17-18“ (1995)
Дури тогаш забележав дека Паулина сето време седела на својот кревет.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Забележете дека Серл не порекнува дека може да има натуралистичко објаснување за Умот и Свеста, но тој сака да покаже дека само компјутер со иста биохемиска структура како мозокот може да биде интелигентен.
„МАРГИНА бр. 3“ (1994)
Понекогаш тие можат да забележат дека во воздухот скокаат, и пак кон водата се враќаат, позлатени риби, а едната од нив, најголемата, има глава и тело исти како оние на принцезата, само што, наместо нозе, има перки од риба.
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
Додека ги спушташе на подот, тој забележа дека на спротивниот ѕид од просторијата има едно трокрилно огледало.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
И како досега да не бев забележал дека очите на Цанета меко гледаат, искрено радувајќи му се на животот околку себе. - И-а-и!
„Кловнови и луѓе“ од Славко Јаневски (1956)
Ми дадоа една кобила и кога се качив забележав дека е ждребна.
„Три жени во три слики“ од Ленче Милошевска (2000)
Но, забележав дека тие изгледаат како да се многу затворени во сопствените глави, играјќи во своевиден транс, свртени кон звучниците.
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Понатаму, внимателно таа лева рака забележала дека тие среќници (значи, луѓето) не живеат во очекување на некоја строго одредена доба кога ќе можат да расцутат.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
Тие луѓе иако сонуваат дека главата им е негде високо, како врвот на Килиманџаро, и се занесуваат дека нивната глава ги надвишува сите други, не забележуваат дека така им се причинува само поради оној бел облак што вечно е присутен на високиот врв.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
„Ова мора да е крв,“ рече, кога ме забележа дека сум влегла во просторијата.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Елена забележа дека неговото име го изговори сосема обично, како на човек кого го познава. Рамнодушно.
„Омраза - длабоко“ од Драгица Најческа (1998)
ЉУБОВ Одејќи накај Чешмиче, забележав дека од кај автобуската станица се приближуваат Тета и Саше.
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
Ние немаме ниеден јазик - никаква синтакса ниту речник - кој би ѝ бил туѓ на оваа историја (на метафизика); не можеме да изговориме ниту еден единствен деструктивен став кој веќе не се вовлекол во формата, логиката, И имплицитните поставки на токму она што сака да го оспори.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
- Занесена од овој провокативен муабет Рада не ни забележа дека е во близина на училиштето, каде веќе беа паркирани двата автобуса.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Но жената која можеби и беше тетка Боса, откако ме ослободи од прегработ кусо рече: - Пратив двајца да го зазборат! – А потоа многузначно ме погледна. – Сакав да сме сами кога ќе ти ја соопштам новината дека твојот братучед и вистински преживеа. – Зошто велиш дека преживеал кога и досега го сметавме за жив. (Го употребив зборот сметавме за да ја потсетам на досегашното нејзино тврдење дека Благоја е жив но да ја изразам и мојата подршка на нејзиниот ваков став иако верував дека братучедот Благоја одамна е мртов).
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Мајка, пред да предусети што се случило, мирно рече: – Пред некој ден, забележав дека на сликата на другарот Сталин, и самата не знам од каде, се насобрал голем прав.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Иако не сум баш сигурна што се тоа хормони, приближно знам дека се поврзани со овој глупав пубертет со кој на глава ми се имаат качено од кој мир веќе си немам.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Таму можеше веднаш да се забележи дека верската поделеност, меѓу рисјаните и муслиманите, беше поизразита, незаплисната од брановите на лаицизацијата на која Мајка беше навикната.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Мајка ми се налути, ама забележав дека се воздржува да не ја исплеска.
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
Веќе беше доцна и во темната соба светеше само екранот на компјутерот.
„На пат кон Дамаск“ од Елизабета Баковска (2006)
Погледна на присутните и откако забележа дека никој не го поддржува, праша: - Имаш ли нешто позначајно да ми кажеш?
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Бев забележал дека во армијата нагласоците се хомогенизираат околу еден централен амерички нагласок.
„МАРГИНА бр. 1“ (1994)
Седи и како да не забележува дека старецот си оди.
„Маслинови гранчиња“ од Глигор Поповски (1999)
7 По ова, таа предлага порамнување со дотогашниот работодавач, односно „расчистување на сметките“ и вонсудска доброволна исплата на долгуваното по сите основи.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Тогаш забележа дека и балконот е скоро разграден, одвај на него се држат уште неколку тараби.
„Будалетинки“ од Мето Јовановски (1973)
Тој продолжува да зема Е отприлика еднаш месечно, околу 125 милиграми чиста стока во вид на прашок и ја добива бесплатно, „главно затоа што ја напишав книгата“ (што претпоставувам е доволна причина за пишување).
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Но она што ми остави пламенче надеж во душата дека сепак не сум ја прекинал папочната врска со Него беше тоа што додека го слушнав Филозофот како го растолмачува записот со логотетот, забележав дека уката таа подобна сосем е на уката моја на создавање на едно цело од многу здробени нешта, на камчиња подредување, на мозаик сочинување, и преподавање сказанија, што сѐ заедно еднакво е на плетењето мрежа пајакова: сѐ на свое место, сѐ во свое време, оти секое нешто си има свое време и место на лицето од земјата.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Но таков беше, тврд и заплашен од жителите на Потковицата - да не му забележат дека, ете, се согласил да чува српски копилиња.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Кога сите заедно станавме забележав дека чевлите не ми се повеќе покрај вратата, каде што ги оставив.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
Едно време забележав дека, наместо да се разретчува шумата и да се приближуваме кон ливадата каде што е нашата куќа, ние сè повеќе навлегуваме меѓу дрвјата и тие се сè погусти и погусти.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Се забележува дека оваа уставна измена, како и многу дотогашни, повторно е во насока на кратење на уставно загарантираното граѓанско право на жалба [ius appellatio] – кое сега останува загарантирано само во судските процеси, додека во управните постапки е оставено да биде регулирано со закон – односно, de iure, тоа повеќе не е уставна материја, земено stricto sensu. 15.  Проблематиката на заштита на работничките права пред судовите е регулирана во Делот III [Посебни постапки], Глава XXVI [„Постапка во спорови од работните односи“] и, сè на сè, опфаќа вкупно шест члена (чл. 404-409, ЗПП). 28 којшто беше изменет и дополнет (2002) – а потоа, поради обемот на интервенциите, беше изработен и негов пречистен текст.
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Потоа замолчи и забележав дека збунето ги намршти веѓите и подзина, но бргу отпосле пак викна, но овојпат, - Јован!
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
Кога од прозорецот забележа дека страста се префрла само на очите, таа влезе во ресторанот.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Кога ќе застанам пред таблата, ќе стојам право пред Ирена и таа пак ќе си рече дека смрдам.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
Забележа дека часовникот над каминот покажува девет, што значи дваесет и еден часот.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Ѓорѓија забележа дека дури готвеа таа постојано зборуваше и како што го правеше тоа граматичките конструкции сѐ почесто и почесто ги грешеше, но тоа како воопшто да не ја сопираше.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
Тој прв забележа дека сум болен. Минуваше со збрчкана дланка преку моето чело и мрмореше нешто.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Но, одненадеж, така загледан во својот лик, забележа дека нешто чудно се случува.
„Мудрецот“ од Радојка Трајанова (2008)
И додека сите ја бакнуваа Благица, никој не забележа дека Марко го нема.
„Градинче“ од Бистрица Миркуловска (1962)
Така тој, да не мислеше толку на Атиџе, ќе забележеше дека неговиот живот е сега посреќен, без припадноста на строги правила и страв од грешки.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Кога се исправи забележа дека по калдрмата во обата правци се движат со забрзани чекори работници.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Еразмо забележа дека гората раззеленува, мразот под нозете почна да попушта, се наsираше врвот на зеленото жито.
„Мудрецот“ од Радојка Трајанова (2008)
Глигор остана во мешаницата. Арсо забележа дека на Глигор му се доближи еден затвореник облечен во нови шајачни беневреци и темномаслинест елек.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Откако сенаторите забележале дека смоквата е с уште свежа, тогаш Катон се надоврзал: Е, да знаете дека смоквата е скината пред три дена во Картагина.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Директорката на програмата ми забележа дека сум постапил многу наивно кога сум го оценил онолку позитивно и дури препорачал за гледање филмот „Ние сите сме убијци“ во кој некогашните борци за слобода, во Франција, сега, како цивили во животот наеднаш стануваат убијци!
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Сончко забележа дека и другите деца од улицата тивко си играа.
„Раскази за деца“ од Драгица Најческа (1979)
Впрочем, крајот и не е - како што се веруваше во традиционалните претстави за апокалипсата - толку драматичен и полн со настани, туку се случува нечујно - не сме ни забележале дека веќе сме од онаа страна на крајот.
„МАРГИНА бр. 36“ (1997)
Добитник е на НИН-овата награда во 1984 година.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Ден или два откако го испратив писмото до Агна, забележав дека работата на копањето на бунарот губи во своето темпо.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
„Дали виде кога непознатиот се обиде да ти се приближи? Тебе ти велам, Јано!“
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Скоро во исто време и чудната жена и јас забележавме дека шарената китајска ваза не е на масичето и дека еден од сламените столови е без својата прекривка, срамно разголем.
„Улица“ од Славко Јаневски (1951)
Третиот ден М излезе да се прошета навечер и забележа дека неговото тело фрла четири животински сенки: една на куче, една на мачор, една на лав и една на магаре.
„Азбука и залутани записи“ од Иван Шопов (2010)
Уште од тогаш забележав дека гори од желба да ја предизвика мојата љубомора.
„Знаеш ли да љубиш“ од Ивана Иванова Канго (2013)
- Не, навистина не забележав дека заспал – му реков на Даскалов.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Кога ќе згрми далеку, лесно се забележува дека звукот патува.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Тоа Мурад го забележа и забележа дека Софроние не ги ни обиска кафето и шербетот, го обзеде силна лутина против него.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
И покрај фрустрацијата и самосожалувањето, кои му ја замаглија визијата, тој забележа дека таа сè уште е бледа, но дека во неа има свежина и блесок кои сигурно доаѓаа од тоа што беше среќна во својата љубов.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
„Така се бранат од ова што е овде и сега.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
И понатаму набљудуваше, го следеше секој детаљ во нејзиното поведение додека конечно по некое време не забележа дека бројот и состојбата на садовите во кујната се стабилизираа.
„Човекот во сина облека“ од Мето Јовановски (2011)
Авторот забележа дека при секое повторно загледување во сликата, погледот сам му се сосредоточува на усните што впечатливо изразуваа некоја лутина од која Едо не можел да се ослободи ни додека се сликал.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Во таквите дејности спаѓаат историското конзерваторство, старинарството, реставрацијата на архитектурата, внатрешното уредување, модата и стилот.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
- За тоа ти да не береш гајле – ме утеши. – Брат ти ќе ја среди таа работа – и самозадоволно ми ги покажа мускулите на рацете.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Кога му се отвори чантата на Климента, од премногуте книги, таа забележа дека тоа не беа сиџилите.
„Тврдина од пепел“ од Луан Старова (2002)
Забележа дека производите на турскиот порцелан стигнуваат во Европа почнувајќи од XIII век.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Татко замолче. Самиот си забележа дека продолжува со испитувачки тон, невообичаен дотогаш во односите со Мајка.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Ги оставиив така, прашувајќи се дали утредента ќе ги видиш и препознаеш. Margina #32-33 [1996] | okno.mk 187
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Таа знаеше, не само по тоа што наутро при неа во кујната почнав да доаѓам дури откако ќе слушнев дека брат ми заминува во гимназијата, а се повлекував во спалната што ја делев со моите сестри пред тој да се врати дома, туку и по тоа како се менуваше мојот лик кога брат ми и јас ќе се погодевме случајно во иста соба, како си ги избегнувавме погледите, како ни се менуваше дишењето.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
На тоа мисли Сузан Зонтаг кога во својот прочуен есеј „Белешки за ‘Кампот’“ од 1964 година забележува дека „Кампот сѐ гледа во наводници.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)
Безброј пати гледал во овие прозорци, но вечерва за прв пат забележа дека сите тие не светат со иста светлина, како што не е ни животот ист во сите домови.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Патем наиде на двајца осамени минувачи, кои го погледнаа и минаа покрај...
„МАРГИНА бр. 37“ (1997)
Легнав на подот и се обидов да направам неколку стомачни - но притисокот во стомакот ми беше толку голем, што при секое исправување од подот ми се заматуваше во главата.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
Можам дури да потврдам дека тој гердан на вратот на Цвета Басотова во летните ноќи многу пати го имав видено населен со безброј ѕвезди!
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Во локалите каде што навраќаа, ако забележеше дека некој ја гледа, Богдан го менуваше местото со неа или ја засолнуваше со своето тело.
„Животраг“ од Јован Стрезовски (1995)
Седнав до неа. Ме препозна по дишењето, и ми рече: „Јас останав неизбањата.“
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Беше топло, во градината седеа доста луѓе, така што немаше празни места.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Оттука не ни е веќе тешко да заклучиме дека во овие филмови вистинскиот трагичен јунак е остарениот, галантен, но „виновен”, „негативен” татковски лик - мора до крај да бидеме заслепени со холивудската идеологија (што Хичкок тука успешно ја минира), ако не забележиме дека и Дописникот и Озлогласената се изградени на контрастот меѓу „негативниот јунак”, кој е во суштина единствената човечки привлечна личност, и „позитивниот јунак”, кој е сосема банален лик - а во тој контраст секако не ни е тешко да ги препознаеме спротивностите меѓу поединецот на „автономната” етика и „хетерономниот”, „кон другите насочен” поединец.
„МАРГИНА бр. 22“ (1995)
Елена забележа дека овој пат Марија не беше придружувана од медицинска сестра.
„Омраза - длабоко“ од Драгица Најческа (1998)
Главно зборуваше за својата голема тага, за тоа како ја будат среде сон гласовите на несреќата; го проколнуваше оној „кој му ја фрли смртта в прегратка“; но како што минуваше времето не забораваше да забележи дека нејзин Ролан таму горе сигурно е задоволен бидејќи на неговата могила секој ден осамнува свежо цвеќе.
„Жената на белогардеецот“ од Србо Ивановски (2001)
Во еден момент забележав дека на човекот на соседната маса од џебот му ѕирка дршка од пиштол.
„МАРГИНА бр. 35“ (1997)
Според другата верзија, Попјорданов, бегајќи од бакалницата кон дома, забележал дека токму тогаш директорот на Банката влегувал во неа преку задниот влез.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
Уметникот пак сообразува. Се сеќава добро: дури кога беше изложбата сосем подредена, одеднаш забележа дека тие два несреќни цртежи делуваат суво и празно, го умртвуваат просто инаку убаво подреденото катче.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
А кога забележав дека и таа мрда, заедно со мене, сум почнала да се радувам како со најблизок роднина.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Нашата загриженост за неговото здравје сѐ повеќе раснеше, и не забележувавме дека Хајнерле од ден на ден сѐ повеќе слабее, температурата на челото ја сметавме за дел од возбудата заради промената на средината, кашлањата за дел од настинка.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Меѓу- тоа, пролетта 2003, Божиновски забележува дека наместо 12% зголемување на основната плата (по 0,5% за секоја започната година работен стаж, според Колективниот договор на ниво на работодавач, како и според Правилникот за плати, надоместоци и други лични примања донесен од УО на претпријатието), тој добива само 0,5%!?
„Работни спорови - Позитивни примери од судската пракса“ од Димитар Апасиев (2011)
Кукушанецот Бојаџијата, сеќавајќи се на овој момент, со право забележува дека бил среќен сведок на момент што бил предодреден да ја изрази големината на радоста во еден свет на тешкотии и неволи.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
Се повикуваат, во одбрана на оваа космополитска теза и врвни авторитети, како Гијом Аполинер, кој бил цврст во ставот дека не може да прифати ваква војна против францускиот јазик која започна во Германија, зашто истото би можеле да го направат Французите во Франција, да се ослободат од германските зборови, потоа Англичаните, па Шпанците.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Се приближив убаво да видам и забележав дека гранките од грмушките во близината на коските се искршени, а тревата налегната.
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
Пред да го рече она за сликата и за огнот, како и она шо не го дорече можеби во врска со горењето на сликата, доктор Пачев ми забележа дека во моите заклучоци околу недоразбирањата со Грофот и девојките сум изнел многу непроверени податоци.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Меѓу нив, како што и очекуваше во овие времиња, владиката забележа дека ги нема претставниците на еврејската заедница на островот. Тоа не му го соопшти никому.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Кога ќе забележеше дека не можам да го следам во она што ми го кажуваше, правеше еден гест кој ни беше како поздрав, а и како знак да ја смениме темата за која разговаравме: со врвот на показалцот ми го допираше челото, па врвот на носот, па усните, и започнувавме да зборуваме за нашите мечтаења – посакувавме да заминеме за Венеција, само тој и јас, Венеција, која во копнежот по нашето заедничко постоење во тој град трепереше онака како што замислувавме дека трепери Месечината во водата на венециските канали, Венеција, со архитектура налик на тантела, која видена во книгите за тој град, пред нас во нашите замисли постоеше пореално и посилно отколку пред очите на многумина од оние кои биле таму, Венеција, секогаш кога ќе ја споменевме, како во некоја игра си ги приближував поддланките, спојувајќи ги местата на пулсирачките жили од двете раце, ги извивав малку прстите, правејќи така гондола, и запловував со гондолата- раце по воздухот.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
„Да не си забележал дека некој од островјаните почнал да ве избегнува?“
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Дури откако Томо ја смири состојбата, сите забележаа дека Никодин кој цело време се држеше за градите, ја губи свеста.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Уште да додадам дека воопшто не се изненадив кога забележав дека некоја туѓа мисла ми се прикрадува настојувајќи да ми се прикаже како моја.
„Желките од рајската градина“ од Србо Ивановски (2010)
Но, штом таксистот или портирот во хотелот, или оној продавач на улица, ќе забележат дека сте странец, веднаш бараат валута, за која под рака даваат многу повеќе злоти, отколку што е официјалниот курс.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
„Ајде да излеземе,“ ми рече. Седнавме на една од клупите крај соседната барака.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Дедо забележа дека сум разочарана, но не ме прекори туку ми ја прочита посветата: Книгава цел живот ќе те потсетува на нас.
„Тополите на крајот од дедовата ливада“ од Бистрица Миркуловска (2001)
Катерина изгледа сепак со право забележа дека ние веќе подолго време имаме зборно место и дека таа не гледа никаква опасност од загубување.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Дури после забележаа дека меѓувремено дождот сосема престанал.
„Будалетинки“ од Мето Јовановски (1973)
Бешир минуваше и низ црвени семафори откако ќе забележеше дека немаше коли од десната и левата страна на попречниот пат! Никогаш не возел побрзо!
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Мајка добро забележа дека тука ги нема старите сиџили, туку некои стари, жолти списи на османскотурски.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Ги пофатија и забележаа дека црвенилото им идеше од црвениот одблесок на прозорецот низ кој сонцето пробиваше.
„Јанsа“ од Јован Стрезовски (1986)
Но Даскалов забележал дека јазот е пресушен па тргнал по него.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
И кај двата мита може да се забележи дека го содржат уверувањето дека таму некаде во неодредената иднина, автоматски, животот ќе биде подобар отколку денес, како и залажувањето и самозалажувањето дека сивилото на сегашноста е нужен предуслов за розевоста на иднината.
„Обезвреднување на трудот“ од Савески, Апасиев, Ковачевски, Василев (2010)
А кога се искачија на врвот тој им рече да погледаат долу, во провалијата, и дури тогај тие забележаа дека на тоа место месечината и ѕвездите им се поблиску отколку земјата.
„Ненасловена“ од Анте Поповски (1988)
Најмногу се растажив кога забележав дека кучето Синга не ми се израдува кога ме виде, не скокаше и не се палавеше околу моите нозе.
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
На Твојата машка натура навистина $ требаше многу време (неколку години!) сосема да го разбере, а потоа и да го прифати она што Твојата луцидна пријателка постојано го преповторува: Посебните врски што јас ги одржувам со вашите книги ме водат до мисла дека за тоа што ме учат за вас е бескрајно подлабоко и побитно отколку с што би можеле вие да ми раскажете.
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
„Курбевоа“, „Ла Дефанс“, „Сурен“ и така натаму се приградски населби, но толку сврзани со Париз што не се забележува дека претставуваат интегрална целина за себе...
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Никифор Правдољубивиот ќе забележи дека овој непомирлив противник на схоластиката, еден од најсамосвојните ученици на Музеумот, знаеше со иста непосредност да ги толкува Еуклидовната геометрија, Никомаховата теза за априорната егзистенција на броевите во духот на Творецот, најсуптилните финеси на античкиот јазик или да насмее со импровизираниот мим, често пародирајќи се и себе си како несмасен трговец.
„Слово за змијата“ од Александар Прокопиев (1992)
Тој ѝ одговори: – Не, добро ми е вака. Најпосле... боже прости... Клотилдина ѕирна низ клучалката.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Еден од нив забележал дека месото на граматикот сосема се распаднало, а очите му биле сѐ уште ведри и полни светлозрачен лач, како да видел откровение божје, а не успеал да го соопшти.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Кога се свртив навистина забележав дека седи загледан во хартиите пред себе, фрлајќи на подот понекоја од нив.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Патописецот Евлија Челебија, при неговата посета на Скопје во 1660-1681 година, забележал дека градот имал над две илјади години, со плоштади и пазари, со сводови и куполи, во кои доминирала централната чаршија со сокаци чисти и калдрмисани, со опојни миризби на босилек, јоргован и крин во вазни саксии.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Не ве забележува дека сте крај него во стројот, ослепел.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
Си ја помина Толе кај светијованите ноќта како „господ шо рекол“, како кај свои луѓе, а Трајко не ги забележа изутрина модрите венци под Митрините очи, ниту му текна да и погледа под затилокот на вратот и под гушалчето на гушата за да ги види белезите од Толевите заби, нити забележа дека Толе дреме крај оган. Тоа не е негова работа.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
А којзнае, можеби и самиот наеднаш се виде престрашен од својата моќ бидејќи изгледа сфати дека покрај другото таа негова моќ за жал ги скусува и посаскуваните вињаци.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
- Зар е ова човештина? - вели тој кога забележа дека Орде е разбуден.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
Забележа дека сака да зборува.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Ме прашувате дали го познавам Франсоа Масперо и дали сум ја читал неговата книга Балкан-Транзит.
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
- Не претерувај – реков. – И не мора да ми кажеш, јас само така ... оти забележав дека си тажна.
„Игбал, мојата тајна“ од Јагода Михајловска Георгиева (2000)
Се сврти сиот кон мене и се обиде да ми ја стави раката на рамото.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Реков а дури потоа забележав дека тој не ме слуша.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Рече: забележав дека слушајќи ја вашата музика таа ме провоцира.
„МАРГИНА бр. 10“ (1997)
Одеднаш забележа дека таа има по малку Бунтовнички акцент (се мисли на акцент од југот на Америка; заб. на прев.)
„МАРГИНА бр. 1“ (1994)
Кога стариот Елисон повторно го погледна Семовото лице, забележа дека минстрелот се променил.
„Црни овци“ од Катица Ќулавкова (2012)
Нушиќ забележал дека се случува нешто необично, бидејќи во салата се создал тивок жагор и видел дека се пренесува нешто од клупа во клупа.
„Белиот јоргован“ од Хајди Елзесер (2012)
Зеде чиста облека од камионот, не обрнувајќи внимание на Пикник, кој беше при крај со читањето на “Девојката од мочуриштето” и кој почна нешто да кажува но се премисли, отиде до спалните и стоеше под тушот долго време, помислуваше дека е како дожд, пролетен или летен дожд, и се присетуваше на сите моменти кога бил наврнат, и кога излезе од спалните, облечен во чиста униформа, забележа дека повторно е темница.
„МАРГИНА бр. 1“ (1994)
Ја запали столната ламба што му стоеше покрај главата и кога се привикна на светлото, забележа дека Ренди плаче.
„МАРГИНА бр. 34“ (1996)
Како прво, забележете дека деконструкцијата е некаква операција што се применува на некој текст, или, поопшто, колекција од лингвистички ентитети (реченици, слики, итн.) структурирани според некоја бинарна опозиција.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Додека минувавме низ разни објекти и разговаравме со многумина во Медонската опсерваторија, забележав дека д-р Паскал Сотировски беше насекаде примен како многу омилена личност, кох кого луѓето се однесуваа со голема почит, како кон колега рамен на многумина од нив.
„Патувања“ од Никола Кирков (1982)
Се лажев. Во фоајето забележав дека на необичен начин ја држиш цигарата.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
Се поздрави скоро со сите, пријателски, како со свои луѓе и не забележи дека еден средовечен човек во нови алишта необично го погледна.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Сакав да го спомнам Шефот, но се откажав кога забележав дека по лицето на Ема ѝ прошета и брзо ѝ згасна желбата за насмевка и во истиот миг таа ги собра веѓите и го спушти погледот кој дотогаш упорно ме опсипуваше обидувајќи се да го разбие мојот молк.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
- Како рече? - го прашав. -Може да се случи и да успее?
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
62 Интересно е да се забележи дека затоа што П. Шатев немал пари да плати билет за полицаецот што го спроведувал, морал уште со двајца, кои веројатно биле во слична ситуација, да патува пешки од Солун до Скопје.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
Оставајќи ги на страна неколкуте текстови што несомнено дивергираат од основната концепција на двете книги останува да забележиме дека и првата и втората „Пасквелија“ со најдоброто во себе претставуваат единствен идејно- тематски и стилско- естетски блок во кој хронолошки се открива животописот на Пасквелската долина сѐ до наши денови: од приказот на првите мали јунаци од типот на Огулиновци, преку војната, до виорот на револуцијата и големите промени што таа ги внесува во животот на пасквелчаните.
„Големата вода“ од Живко Чинго (1984)
11. На една Ескимка која ниту зборувала ниту разбирала англиски еднаш ѝ бил понуден платен пат до САД и 500 долари за да ги следи сандаците со починатите за Америка, каде требаше да се изврши погребот. Таа ја прифати понудата.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
И така, подзавртувајќи се, забележува дека е сама со внучињата притиснати како топли тули во нејзината снага.
„Исчезнување“ од Ташко Георгиевски (1998)
Тој утврди дека со исто или слично значење се употребува зборот комшии пенџере (од турски соmu penceresi), запирајќи потоа на: пенџер, пенџера, пенџер, прозорец (од персиски pencere), заемка мошне присутна во балканските јазици, посебно во книжевните текстови.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Ако текстовите се интерпретираат како да имаат некое друго значење од страна на некој подоцнежен Шелиев патник, кому му е грижа? 5. Différance Вториот проблем на самореферентноста се однесува токму на специфичниот поим на différance.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
„Свињо“, рече, закрцка во коренот; тие што беа близу забележаа дека тукушто почнал да се разболува од жолтица.
„Две Марии“ од Славко Јаневски (1956)
Забележа дека стрражарот во дворот го нема. Тоа ги зачуди.
„Будалетинки“ од Мето Јовановски (1973)
Во тој миг, забележав дека најмалку пет деца, што машки, што женски, застанале крај мене и ме гледаа раскикотени, како сатирчиња.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
А мечката, ја гледам, ништо: си пасе, не ни забележува дека кучињата лаат.
„Крстот камбаната знамето“ од Мето Јовановски (1990)
Звукот на неговите чекори како да продолжуваше и понатаму, како расипана плоча, иако не изгледаше дека неговата големина се промени кога се приближи и се задржа тука.1 Кога застанав и погледнав во небото, забележав дека светот се врти.
„МАРГИНА бр. 10“ (1997)
Гледам како и жена ми забележува дека сестра ѝ фрла одмерувачко око кон моите гениталии.
„Балканска книга на умрените“ од Мето Јовановски (1992)
Во еден миг, Татко убаво забележа дека некој му шепоти на уво на градскиот партиски секретар.
„Тврдина од пепел“ од Луан Старова (2002)
Откако забележува дека не реагирам ми приоѓа уште повнимателно.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Во мугрите, на вториот ден, едно од козарчињата, спуштајќи се од тврдината низ една подалечна врвица забележа дека од едно пресекнато изворче шурка белкава течност.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Во текот на истражувањето за една претходна книга, Момци земјоделци, за геј-мажите од рурално потекло,332 Фелоус забележа дека „беше изразена несообразноста со родовите улоги“ во голем број од животните приказни што ги собрал, особено во нивните рани поглавја.333 Кога биле момченца, повеќето мажи со кои разговарав особено ги привлекувале работи што биле надвор од опсегот на активностите кои се одобрувале за машките.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)