забележи (гл.) - или (сврз.)

Го забележав или тој ме забележа мене меѓу групата посетители кои, свртени кон водичот, му ги оживуваа зборовите и ги гледаа калуѓерите и нивните црномантијни братства во тајните отвори и одаи, во длабоките студени пештери и ќелии.
„Захариј и други раскази“ од Михаил Ренџов (2004)
Дотогаш, до убиството, во Потковицата ништо недолично се немаше слушнато за нив двајцата, или пак некој да имаше нешто слично забележано или само помислено.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Затоа меѓу жителите на Потковицата и ден-денеска постои уверување дека Димко, во алипноста своја, си замислил нешто и дека, пак во алипноста своја, мислејќи дека така ќе ја одбрани честа своја и на мајка си, или од љубомора, ги уби, кутрите.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Тој вистински разговор всушност му претходеше на оној, замислениот, и се однесуваше токму на таа тема: каква помош смее да очекува синот од таткото во моменти на загрозеност?
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Авторот со изненаденост забележува или има чувство дека масата неподвижен смог почнува одвнатре, од длабочината или од дното да се раздвижува, да се буди од својата налегнатост.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Имаше во нивната судбина некаква горчина поради релативната отфрленост, како да беа за еднократна или двократна употреба, особено дипломатите по клуч кои живеејќи во довчерашниот сјај на високата мисија сега требаше да се провлекуваат со месеци низ лавиринтот на Министерството, да бидат забележани или да се најдат во некоја нова клуч- комбинација.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)