забие (гл.) - во (предл.)

Дваесет огнени пушки згрмеа, дваесет жешки оловни зрна се забија во крв и месо.
„Гоце Делчев“ од Ванчо Николески (1964)
Гоце се поткрена. Еден куршум го боцна во градите.
„Гоце Делчев“ од Ванчо Николески (1964)
Потем ја изгасил свеќата. Го извадил од појасот кривиот кинџал и, без да му затрепери раката, си го забил во срцето...
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Еден, два, три... еден, два, три... таму некаде во Градот, или на жолтиот рид: густата коса, прелиена со темен, горски мед, млечниот тен, со модри жилички, врежани како во мермер, забите, некако вампирски, што нежно ми ги забива во вратот, додека навлегувам во неа.
„Слово за змијата“ од Александар Прокопиев (1992)
Не ме одврати ни испробаното тврдење дека таму не можеше да се пушти ни игла, а да не се забие во некакво не употребливо нешто.
„Ниска латентна револуција“ од Фросина Наумовска (2010)
Не беше лето и не седев на верандата на стар конак, каде комарците се забиваат во будноста, сркајќи ја слатко запурнината.
„Ниска латентна револуција“ од Фросина Наумовска (2010)
Во одајата негова немаше чаша, ни клучот златен од тезгата од пазарот во Дамаск го немаше, оти тој беше цврсто забиен во клучалницата на гревот.
„Папокот на светот“ од Венко Андоновски (2000)
Ја беше оставил забиена во телото на Јурукот.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Острите волчи заби се забиле во неговата бутина.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
При влегувањето на младенците во брачната соба ѝ ги зимаат лебовите на Антица, како и свеќите на обајцата — Антица и Николаќија, ги забиваат во средината од лебовите и така ги оставаат на јашмакот од оџакот.
„Антица“ од Ристо Крле (1940)