забразди (гл.) - во (предл.)

Постоеше опасност Камилски да забразди во својата бесцелна реторика, да ја заборави првичната мисла за што беше, впрочем, и посветен ручекот: да се проверат на маса најзадржаните османскотурски заемки од областа на кулинарството, односно гастрономијата, како што тој претпочиташе да рече.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Не можеше веднаш да се соземе од сознанието дека син му толку се забраздува во кариерата, наспроти вообичаениот бавен ритам, толку важен за опстојувањето на семејството.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Татко продолжи, откако Камилски голтнуваше од имам бајалди: Но, да се вратиме на ова јадење имам бајалди, толку присутно во балканските кујни.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Самир Мустафа сети дека, не сакајќи, забразди во разговорот.
„Тврдина од пепел“ од Луан Старова (2002)
Така, доаѓаме до сознание дека дури и оние кои изгледаат длабоко забраздени во Исусовиот катихезис (како македонскиот народ во односот со своите поробители, соседи и др.) не можат да издржат вечно да го свртуваат и другиот образ.
„Календар за годините што поминале“ од Трајче Кацаров (2012)