заврти (гл.) - око (имн.)

Многумина го имаа видено Толета отпорано, та сега од неколку грла се испушти една тажна воздишка. — Леле, мајче ти мила!
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Ќе ја закаса печурката, ќе ги заврти очите, и ќе почне да подзема со јазикот, да ги преклопува вилиците.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Сите ги завртоа очите горе по улицата откаде се зададоа шест наоружани луѓе и двајца селани.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Тој ги заврте очите кон лекарот и му рече: ”Ве молам, извадете ја надвор... да не ја гледам...“
„Животраг“ од Јован Стрезовски (1995)