заврши (гл.) - некој (зам.)

„Ти си сам? Каде е Ангелоти?“ „Тој и неговите луѓе мораа да завршат некоја итна работа, но ќе се вратат утре сабајле, и уште други двајца ѕидари, и тогаш работата ќе оди брзо.
„Невестата на доселеникот“ од Стојан Христов (2010)
Сега е жетва и ќе морам да завршам некои работи околу откупот на житото, - се сети Јана.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Да не беше присуството на тоалетна ролна, се знаеше за што ќе го употребев, но вака, го скинав, во надеж дека ќе ми заврши некоја малку попристојна работа.
„Ниска латентна револуција“ од Фросина Наумовска (2010)
„Еј, здраво Костадине, шо прајш? Јас на кратко поминав едно кафе на брзина да сркнам, бегам за Лерин, во дуќано на татко ни, треба да завршам некои работи...мило ми е, Тодор, Тодор Јовановиќ, а вие сте Петар, синот на Гули чевларот!
„Белиот јоргован“ од Хајди Елзесер (2012)