заврши (гл.) - прв (прид.)

Гоце ја заврши првата година во военото јункерско училиште во Софија.
„Гоце Делчев“ од Ванчо Николески (1964)
Кога заврши првиот круг од играта, додека играчите го пиеја чајот, Самир Мустафа му рече на Татко: - Заврши голема, историска работа со тие сиџили.
„Тврдина од пепел“ од Луан Старова (2002)
- Ова е божем бифе во театар и сега треба да заврши првиот чин и сите да навалат на освежување, - продолжи Саше со театарот.
„Јас - момчето молња“ од Јагода Михајловска Георгиева (1989)
Кога заврши првата Голема војна, во 1918-та, која ја загуби Бугарија, Србите повторно го окупираа овој дел на Македонија и беа уште поосилени.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Направо го заврши првиот клас во Средното угостителско. Има девојка.
„Полицајка в кревет“ од Веле Смилевски (2012)
Татко се сложи и така заврши првиот дел од реферирањето на Камилски за зборовите јаничарство, курбан, башибозук, зандана и кодош.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
И така со викање и извикување пароли и со песни, заврши првиот дел од средбата со другарите.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Втората учебна година, во военото јункерско училиште во Софија започна онака како и секоја година.
„Гоце Делчев“ од Ванчо Николески (1964)