заврши (гл.) - ли (чест.)

Ќе заврши ли еднаш моево трускање по патиштата на Европа и Азија?
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Заврши ли војната? Кој е сега претседател? Што се случило?“
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)
Понекогаш ќе го прашаше питропот Танаско: „До каде си, Арилко? Ќе завршиш ли скоро?“ Тој ќе одговореше: „Господ знае, Танаско“ и ќе ја затвореше вратата.
„Свето проклето“ од Јован Стрезовски (1978)
Веста стигна и до нашето семејство. – Каков попис сега, пустината, па не заврши ли пописот есеноска? – се прашуваше мајка ми гласно оставајќи го плеталото крај себе, на чардакот, седната до татко ми кој прелистуваше некаква стара книга.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)