загази (гл.) - во (предл.)

Ние не бегаме од разјаснувања и полемики; ние сме демократи затоа и смееме да загазиме во калта и да видиме што правите вие таму затапкани од јавното мислење на српската интелегенција.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Кочо го проследи како слезе по скали и надвор загази во калта. Преку пат застана со двајца селани.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
Подигна нога за да се помести, ама и се стори дека толку длабоко загази во мравјалникот, што не може дури да ја подигне.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)
Браќата не се собуваат и загазуваат во водата свечени и возбудени. На Отец Симеон тоа му е достатно.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
А пред тоа долу, уште пред да ја заобиколи барата, зелениот извор на некоја прсната подземна вена , ги следеа неговите ситни чекори очите на оперативецот Отец Симеон; ги чу трите продорни свирења и се подгрбави; загази во барата, ги размрешка ѕвездите во неа, скоро потрча кон Нојовиот ковчег.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
Но во последниве денови снегот толку се натрупа, што ниедно од говедата веќе не се решаваше да загази во таа белина што ги сплеткува нозете, што заробува.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Долгата стреа пред вратата и на предниот дел од колибата, беше зачувала еден појас црна земја, по која Бојан можеше да се движи, да појде до стреата, а да не загази во снег.
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Тој се поздрави и загази во снегот.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
„Сериозно го мислиш тоа?“ праша таа. „Така ти било пишано“ реков.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Од таа несреќа за жал никогаш и никој нема да те извлече. Богами убаво си загазила во калта“.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)