загледа (гл.) - накај (предл.)

Татко и мајка - ни збор ни приговор, ни залак леб, ни голтка вода - саде молчат загледани накај вратата. Две души каменосани.
„Молика пелистерска“ од Бистрица Миркуловска (2014)
Се загледа накај Вардариште - од ѓубриштето избиваше смрдлива магла.
„Тополите на крајот од дедовата ливада“ од Бистрица Миркуловска (2001)
Го вијат орото, ама потајум загледуваат накај момите.
„Молика пелистерска“ од Бистрица Миркуловска (2014)
И Влатко се загледа накај тополите... му се сторија како изморени старици, одвај стоеја така извишени... да можеле би се згутавиле и би чемрееле покрај Маркова Река.
„Тополите на крајот од дедовата ливада“ од Бистрица Миркуловска (2001)