загледа (гл.) - нагоре (прил.)

- Реков дека попусто чекаш. Волкот се обѕрна околу себе, како да не дочул, а после пак се загледа нагоре.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Во Речникот на македонскиот јазик три збора стојат едно под друго: Орлица, само гледа и само памети, наизуст ги знае имињата на сѐ што било загледано нагоре.
„Ненасловена“ од Анте Поповски (1988)
Лежејќи загледани нагоре тројца војници си одбираат по една ѕвезда и секој ам се искачува кон неа Три жолти цветови се нишаат на ридот пред нив како три слатки збора на нивната татковина Утринум, една песна за неа и кришум место точка на крајот на песната ЧЕКАЈЌИ ГО СИНОТ „Сите патеки во пеколот да би раззеленеле чекајќи те“ (Ирска здравица) Таа со бела шамија на главата Тој со бели коси Седнати еден спроти друг Под дрвото во дворот.
„Љубопис“ од Анте Поповски (1980)
Момето отпрво си постоја среде црквата, потоа се допре до ѕидот, се загледа нагоре, и не се помрдна веќе: земјата незабележливо ја поткреваше нагоре и среде неосквернатата свеченост и мир ја наведна главата врз светецот на ѕидот, и ги склопи рацете на молитва и се насмевна.
„Ненасловена“ од Анте Поповски (1988)