загуби (гл.) - живот (имн.)

Преживувањето е неиздржливо кога помислувам на личните трагедии, на оние илјадници кои ги загубија животите, на оние кои исчезнаа, на оние кои се раселени, на оние кои избегаа, кога помислувам на жртвите по логорите, на децата, на оние кои го преживеале пеколот, на оние во Босна кои пеколот сѐ уште го живеат, на оние кои допрва ќе го живеат, на крвниците кои до неодамна беа само добри соседи, на жртвите од кои некои и самите ќе бидат крвници.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Точно ли е дека Христина, како што ми раскажаа, вашето девојче, било само во станот, во моментот на земјотресот и истрчувајќи на скалите, ризикувајќи да го загуби животот се втурнала назад во станот и бестрашно го спасила и своето двегодишно сестриче.
„Друга мајка“ од Драгица Најческа (1979)
Во умот ненадејно му се појави, веќе готова, претставата за извесен другар Огилви, кој неодамна го загубил животот во битка, во херојски околности.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)