загуби (гл.) - ракопис (имн.)

За разлика од Антон Чехов, Ернест Хемингвеј, Ралф Елисон и дру­гите скрибомани кои се премногу бројни за да ги наведам, јас никогаш не сум загубил ракопис (Загубен оригинал, или „Мајка на книгата” е тради­ција стара колку и пишувањето, која на Исток ја одразуваат загубените шест седмини на Ката Сарит Сагара, или Морињата приказни, а на Запад веќе споменатите две седмини од она што оттогаш е познато како Петокнижие), ниту свој ниту било чии од мојот четиридецениски товар студенти.
„МАРГИНА бр. 34“ (1996)