зададе (гл.) - некој (зам.)

Од далечина се зададоа некои војници, седнаа до една ограда, па се навалија над радиото да слушаат. Слушаа многу заинтересирано.
„Ветришта“ од Радојка Трајанова (2008)
Прескокам еден водоврик на свијокот и туку се зададе некое силно брчење.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Предрема и Андон, а Стојче преседе на „стража", да варди да не се зададе некоја потера од кон Слива.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)