задева (гл.) - со (предл.)

— Така е убаво, да се сакаш, а да не се гледаш, да не се задеваш со него, — ја учеше мајка ѝ кога разбра од Тода.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Ја завлече главата во биковскиот врат и стана презрив и тврд, се стемни чиниш цел живот да се хранел со гавранови срца. „Во зло време се задеваш со мене.“ И гласот му беше темен.
„Месечар“ од Славко Јаневски (1959)
И сѐ беше во некакво движење; говедата се митареа, чешајќи се по дрвјата, младото ветерче скришно се задеваше со овошките и овошките крцкаа, занишани и од цут, од пеперуги и од пчели.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)
Таа спротивност, на пример, е она што ја објаснува навиката на геј-мажите да се задеваат со непознајници, а не со пријатели.
„Како да се биде геј“ од Дејвид Халперин (2019)