задоволи (гл.) - правда (имн.)

А Вонредниот воен суд, како што обично било насекаде, бил создаден со цел ефикасно и брзо да ја задоволи правдата.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
И момчето, и јас знаеме дека токму тој е егзекуторот, оној што ќе ја задоволи правдата.
„Слово за змијата“ од Александар Прокопиев (1992)
Не можеме да бидеме потполно сигурни ако мајката ги оставила децата без да им земе по половина од јајцата дека ќе ја задоволи правдата, ниту пак ако одлучи да остане гладна.
„Календар за годините што поминале“ од Трајче Кацаров (2012)