задржи (гл.) - во (предл.)

Прашањето што се поставува е дали овој феномен е задржан во нашата свест поради петвековната потчинетост под Отоманската империја или пирамидалната држава наследила дел од нејзи­ното постоење?
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
Се фаќа по предниот дел на главата, онаму каде што обично стоеше некоговото полно лице и прстите му лизгаат по мазна кожа на која нема набор, нема нос нема усни, нема очи... Макс Мертен нема лик.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
Зошто не му дадоа веднаш да се врати кај семејството, туку го задржаа во Виена? Што правеше за тој период?
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
— Нека добредојде сега и Бахтијарица, лели сме блиску до Дренска — му одговори Толе и нарача јадење за тој ден.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Толе пак го прегрна и долго го задржа во својата прегратка.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Стигна некако до чебренскиот манастир, ги соблече Ѓорчевите кумитски алишта што ги зеде од Чачовци кога Ѓорче замина за Битола, ја наметна поповата антерија и долама, ја кладе поповата шапка, а бидејќи пооди некој месец и друг небричен и нестрижен се направи токму „папаз ефенди“.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Но претчувствувајќи дека Бахтијар ќе ги насочи потерите по побегнатите кон север чети, тие не се задржаа во Крушевица; ниту Толе се раздели од Андона да прејде во својот „пашалук" преку Црна, бидејќи пред два-три дена таму го бркаа; но заедно со Андона се истави до селцето Вепрчани, на границата меѓу мариовските и дренско радобилските планини, та ако дојде некој зорт, да ги фаќаат нив, бидејќи тие не беа уште газени од потери.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
11. Кога виде Толе дека селата се наполнија со аскер, а и времето заклучи, народот војската го задржа во селата, јасно му стана дека не ќе може да презимува по меќанот — по колиби трла — како што правеше минатите години.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
НИК “Наша Книга“, Скопје 1975.,26-27. 206 Според планот на ГШ на НОВ и ПО на Македонија со Тратата македонска бригада дејствувала Осмата македонска бригада. 207 Ibidem. 27. 208 PRO WO 202/515 A 209 PRO WO 202/369. 210 Се однесува на 41-ва МНОД на НОВЈ. 211 Во времето до 1 до 7 септевмри 1944 година 41-та дивизија наполно го разурнала патот и железничката пруга Велес-Прилеп и во повеќедневните борби против германските и бугарските трупи успеале овие комуникации да ги задржат во свои раце.
„Британските воени мисии во Македонија (1942-1945)“ од Тодор Чепреганов (2001)
- За белја, место да одам право в село, јас се задржав во гратчето патем.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Не се задржа во гратчето ни да се види со своите ни да се распраша за патот, уверен дека некако ќе ја искачи угорницата и ќе го дотурка карванот до манастирот; се силеше само денски да стаса.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)
Забележувањето ни малку не му се задржа во свеста.
„Човекот во сина облека“ од Мето Јовановски (2011)
Ова, нивново, на поитрите, заедно со приказната за тоа од кај им се парите на Јанчевци, најдолго се задржа во Потковицата и единствено тоа се доближи до вистината, но се потврди многу, многу подоцна.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Членовите на нашата делегација по некаква инер­ција на мрзеливоста на духот, во линија на најмал отпор беа готови да аплаудираат, но сепак нешто ги задржа во последниот миг.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Задржани во облакот како што земјата се држи во бескрајот на вселената од сопствената сила.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Инструкцијата била максимумот да се извлече од мене, без да се бираат средства за тоа, а ако било потребно, дури не било исклучено и еден период да ме задржат во земјата.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Возам по истиот пат – не пат. Кратко се задржавме во Подгорје, каде се распрашавме дали некој памети за многу луѓе кои пред многу години поминаа по тука.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
По пат ги задржаа во шумата.
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
По атентатите, тој бил уапсен и задржан во затвор повеќе месеци, иако немал абер за дејноста на гемиџиите.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
Првиот дошол во Скопје, каде што по извесно време бил уапсен од властите и задржан во затвор, а вториот дошол во Солун.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
Природно е дека ќе ги употреби Грција сите дипломатски патишта за да се задржи во Македонија на тие позиции, каде што се наоѓа од средните векови, особено од времето на турското завладување на Македонија, а грчките интереси во Македонија се бранат не од една Грција, а и од големите сили што не сакаат да се засили словенскиот елемент.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Ја доби со своето ризикување за тоа дека самјакот не можел да се задржи во ниедна од сите поминати долки.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Утредента на изненадување на Рада, Томо беше задржан во државната болница.
„Последната алка“ од Стојан Арсиќ (2013)
Во очај сум скоро болен, стори нешто да сум голем.
„Пупи Паф во Шумшул град“ од Славко Јаневски (1996)
Облаците го задржале во себе дождот – не им се брзало, зашто ги изгаснале вулканите порано.
„Пупи Паф во Шумшул град“ од Славко Јаневски (1996)
Со татнежот на топовите тие сакаат да нè задржат во „херојското” доба на своите задоцнети психи, а историјата, историјата 26 okno.mk отворено им зборува и покажува дека стравот од мит да се премине во историски живот, од хероизмот во внатрешните простори на психата, е невиден КУКАВИЧЛАК.
„МАРГИНА бр. 36“ (1997)
За Мајка историјата, за разлика од Татко, не се сведуваше на херојски или драматични настини, кои произлегуваат од војната и мирот, туку од малечките, речиси невидливи нешта околу семејството кои ја чинеа среќна, силна, кога ги спасуваше животите на своите чеда.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Таа знаеше, добро знаеше, силно веруваше дека големата историја Татко ја беше задржал во своите книги, во рафтовите на библиотеката кои требаа да бидат штитовите на нашето семејство, за големото спасување од историјата, за кое таа немаше моќ вистински и целосно да се спротивставува како Татко со неговите книги.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Татко планираше крајот на работата да биде теоретски и нагледен, односно да биде означен со заедничка вечера со мени од нивната листа на најрепрезентативните јадења со османскотурски заемки кои беа задржани во балканските јазици и кујни.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
За ова не го извести Камилски, вардејќи го до крајот како големо изненадување...
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Зар не беше оваа библиотека збир од соништата предизвикан од секоја книга, кога прв пат ќе се најде во рацете на сопственикот, поврзана со некој настан, задржан во потсвеста и сега се појавува во сенката на ноќната тишина на библиотеката.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
И Камилски, како и многу други, го осудуваа сталинизмот, но остануваа и натаму приврзаници на Октомвриската револуција, длабоко задржана во нивните души.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Датумот се беше задржал во сеќавањето на Винстон затоа што тој ден случајно беше Иванден; но целата приказна мора да е забележана и на безброј други места.
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Ама ако му текне пак на овој да ме задржи во неговиот?
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
Стана со сѐ куверта врз себе чиниш се плаши да не остане отскриена пред миризбите Димостенови задржани во одајчето и така наметната како со гуна почна да чекори наваму натаму не со умисла да се згрее, туку за да се умори, за да папса, за да падне во некоја дупка од каде ќе нема враќање.
„Исчезнување“ од Ташко Георгиевски (1998)
И си реков, да ја избришам добро, да ја светнам Сталиновата слика, па ја задржав в кујна.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Во неговите стра­ни­ци беше продолжено среќното време од детството кое го живееше во Солун, крај својата вујна, чудесната Италијанка Клементина која засекогаш ја задржа во спомени­те како мајка, подоцна како светица, во својот живот во егзил.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Го затворија, беше докажана неговата апсолутна невиност, но поради славното семејство, класната непомирливост го задржаа во затвор и на крајот, го осудија на шестмесечна условна затворска казна.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
Како што поминуваа покрај излозите, во еден момент, погледот на авторот му се задржа во излогот на една продавница за канцелариски материјали.
„Продавница за љубопитните“ од Мето Јовановски (2003)
Мене ми преостануваше да трагам по имагинарниот пат на јагулите, задржан во татковите книги.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
Би сакал уште малку да те задржам во ова убаво мое зајдисонце меѓу ридовите но ти веќе се оддалечуваш талкајќи кон некое соѕвездие што сал тебе ти припаѓа.
„Липа“ од Матеја Матевски (1980)
„Да?“ Мама погледа спроти масата што ја постави како некаква прекрасна сребрена стапица, чудесна јама со сосот од печено месо во која најпосле, како побеснет ѕвер од некои дамнешни времиња, фатен во јама со катран, можеби ќе попадне нејзиниот маж и ќе биде задржан во неа за да гледа низ решетките од јадеци, засекогаш на сигурно.
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)
Или можеби ќе ме задржат во зоолошката градина, каков би бил тој живот! Брунила, кажи ми што да правам?“
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)
А што се однесува до оној твој злосторник што те следи од најраната младост – ја промени наеднаш темата Пеперутката – не смееш да одложуваш.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Дури и да ми сошијат под кожата постава од оловни прачки нема да успеат да ме задржат во ова време…
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
А потоа Зоки сам си скина една цреша и долго време ја задржа во својата рака, нежно и меко како да држи малечко пиленце.
„Зоки Поки“ од Оливера Николова (1963)
На тетка ми претходно ѝ соопштив дека би сакал да се истуширам, па пресметав дека така ќе добијам уште повеќе време за да се олеснам.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
Значи, проблемот не беше во него, туку во тоа што се чувствував непријатно да го користам тоалетот и да одам по голема нужда кога пријателот ми беше во соба - а по првиот ден, кога успеав да одам во тоалет на мир, додека тој се задржа во бифето со една убава учесничка на конференцијата - се погодуваше секогаш да сме во собата во исто време.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
Затоа, впрочем, Севишниот и ги задржал во ,небескиот трибунал да им судат на помалку искусните и грешните ,да ги спасат ако с уште има лек за нивните души!
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
Во една друга пригода ќе ви раскажам за тоа, но најсилен впечаток ми направи враќањето од Поградец кон границата.
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
Но, пред ,небескиот трибунал на моите предци јас не смеам да запаѓам во химерични тиради, кои би можеле уште повеќе да ми ја отежнат положбата?
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
Секое минување на границата може да се раскаже како посебно поглавје дека таа беше толку силно задржана во нас... На обете страни...
„Потрага по Елен Лејбовиц“ од Луан Старова (2008)
Тогаш, Захаријадис, враќајќи се од Прага, се задржа во Белград, а од тамy во логорот во Булкес.
„Големата удолница“ од Петре Наковски (2014)