заживее (гл.) - во (предл.)

Кон крајот на петнаесеттиот ден тој ги растрои нервите до толку колку што е потребно за да заживее во откинатиот простор на визијата.
„Пустина“ од Ѓорѓи Абаџиев (1961)
Во новата стварност, која наликува на фантазмагоричен кошмар, кичот покажа најголема издржливост, најбрзо се трансформираше и одново заживеа во својот неуништив сјај.
„МАРГИНА бр. 8-9“ (1994)
Така, таткото на денес познатите Никита Михалков и Андреј Кончаловски, додека на многумина писатели им ги тенчеле ушите во сибирските затвори си заживеал во дворецот на Сталин како бубрег во лој.
„Календар за годините што поминале“ од Трајче Кацаров (2012)
И така кога заживеавме во градот и кога ги однесоа последните остатоци од војната, во нас децата се будеше желбата, или тоа беа пориви на неопределен инстинкт по поразите нешто да освојуваме.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)