заземе (гл.) - и (сврз.)

Волкашин уште во 1350 бил жупан во Прилеп, а потоа го зазел и Скопје, а изгледа и Призрен.
„Џебна историја на македонскиот народ“ од Група автори (2009)
Затоа Милошевски да престанел да интервенира бидејќи за спомнатото шпионче можело да се случи да се заземе и лице од највисоко место во Внатрешни.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Картагина беше заземена и уништена во 146 година. Зборовите на Катон не престанаа да бидат цитирани.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Тешко ми е да признам дека и јас се обидов, напишав писма кај некои пријатели, од некои добив и одговор, но сѐ се сведуваше на ветувањето дека ќе се заземеле и дека ќе се обиделе да најдат каде води трагата на неправдата.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)