заигра (гл.) - по (предл.)

Цели денови стои тој на малото возвишение над Канео и никако да започне: ниедна линија, ниедна боја не заигра по неговото платно.
„Бојана и прстенот“ од Иван Точко (1959)
Зората во моето поле е како виолина напрегната Ридовите молчаливо руменеат како мислата на мене а гулабите играат во синевината како нашето чекање Виолината го крие во росата цвркотот на будењето Тој е како твојот смев набрекнат во младите гради Сонцето заигра по жиците и плисна млеко на музиката по сонливата трева Зората се кикоти и примира од смеа...
„Дождови“ од Матеја Матевски (1956)
Убавиот Месечков зрак заигра по лицето на Славчо, а потоа меко му ги заклопи клепките и излета надвор во тивката летна ноќ...
„Било едно дете“ од Глигор Поповски (1959)
- Јас ќе ти помогнам! - рече Месечината и го пушти својот најсилен зрак кој заигра по лицето на Снежана и ја заскокотка по нослето.
„Било едно дете“ од Глигор Поповски (1959)
Каде си да заиграм по тебе оти ти и зората сте две виолини во исчекување.
„Дождови“ од Матеја Матевски (1956)