заканува (гл.) - дека (сврз.)

— Го гледате шишот мој? Муш, муш, муш! Ќе измушкам најмалку десет аскери со него во Витолишча, — се шегуваше Илко Корунов од Бешишта, одејќи по Бешишкото Поле со сакмата нарамо и еден крклиг врзан на стап со подвеската од десната нога.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Инаку ќе му го дада огнот на селото и ќе ве испеча како глувци сете! — грмеше Толе со својот длабок глас и им се закануваше дека сите ќе ги избеси на врбите во ливаѓето.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Со дождец ѝ се заканува дека танцот ќе го прекине, боите ќе ѝ ги измие и во непознат правец ќе ја однесе.
„Од дното на душата“ од Александра Велинова (2012)
6 „Ќе се обесам ако оган не го изеде однатре.“
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Секогаш кога Сандре Самарија ќе зинеше се закануваше дека ќе се обеси ако не е прав.
„Тврдоглави“ од Славко Јаневски (1990)
Се закануваше дека само со палецот на раката можеше да ја збрише Југославија.
„Амбасади“ од Луан Старова (2009)
Томе се закануваше дека ќе се прекачи по оградата и дека, ако не го пуштат, ќе им каже на сите деца дека на Дора и на Ане им се допаѓа Огнен.
„Чкртки“ од Румена Бужаровска (2007)
Единствено Клара молчеше. Нејзиното молчење беше погласно од сите крикови наоколу.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Некоја од нив се закануваше дека ќе ги запали сите.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Имаше луѓе кои ги искривуваа лицата, го извитоперуваа гласот, и се претставуваа како ѓаволи, нудеа откуп на душите, најавуваа апокалипси, се закануваа дека на прагот е настапувањето на царството на темнината.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Имаше луѓе кои постојано бараа спас од демонски сили, но не од оние кои се претставуваа себеси за такви, туку од, за нас другите, невидливи ѓаволски суштества: плукаа во воздхот, бегаа пред воздухот, удираа во воздухот, му се закануваа на воздухот, врескаа преплашено гледајќи во воздухот.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Дадов отказ, се преселивме во поголема куќа, децата тргнаа на училиште.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Се опорави и дојде кај мене да ме моли за прошка. Веќе не можев да го сакам.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Деновите ги минував чистејќи ја и преуредувајќи ја куќата.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
За оние што тоа сакаат и понатаму да останат по секоја цена, таквото држење е неприфатливо.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Секоја асимилација на надворешното бара внатрешна реорганизација на примателот и се заканува дека за секогаш ќе нѐ оддели од она што сме биле.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Дадов отказ. Човекот што ме вработи се закануваше дека ќе ме убие ако заминам. Не ме уби, најдов друга работа.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Другите, што ќе согледаат дека тоа “човечки” не е можно, имаат добра причина своето враќање кон корените да не го разберат како враќање кон изворното единство, туку како откривање на другиот во себе.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Му се заканував дека ќе го убијам доколку оди со други жени. Одеше. Пукав во него.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)
Се вљубив. Човекот во кого се вљубив не ме сакаше. Ми рече да се чистам.
„МАРГИНА бр. 32-33“ (1996)