заклати (гл.) - глава (имн.)

А кожарот, кој секогаш го снабдуваше Маркота со оној преубав жолт сафтијан прочуен надалеку, само заклати глава: „Вистина“, рече тој, „ако не ги платам испенџето и џизието, сосе семејство ќе ме продадат на џизаедарот Мурат-ага од Кожле, кој е откупник на државните даноци за скопската нахија.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Ако ибн Тајко чувствуваваше еден вид сожалување за неговите двајца браќа во Блатието, Илми чувствуваше сожалување спрема него, зашто кога ќе му понудеше да му отфикари барем еден преден черек од овенот што му беше најблизу, а овој ќе го одбиеше, иако тој ден баш се погодило, ќе го пофалеше, да има најубаво месо во чаршијата, тој само ќе заклатеше глава: „Тешекур едерам, ибн Тајко, ама зошто сепак не правиме пазар?“
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Беличот заклати глава: – А не, ако може обајцата, а ако не – ни еден.
„Бегалци“ од Јован Бошковски (1949)
Но Нако само ја заклати главата како заклана, а потоа ја клумна на градите, како вратот да му откажал секаква послушност.
„Синовски татковци“ од Димитар Солев (2006)