закопа (гл.) - тука (прил.)

Останала сама - самотница, море, жална жалосница, разлелекала до што глас ја држело, го закопала тука, преткуќи крај патот, го обградила гробот со неколку колја.
„Македонски народни приказни“ од Иван Котев (2007)
Но него никогаш не го најдоа, а Јована, зашто не беше ни христијанин ни Турчин, се здоговорија да го закопаат тука, на Камен.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Нема податоци за тоа, никој и не си споменува дали било нешто слично запишано во тефтерот Акиноски, дека и таа, Руса, е закопана тука, покрај каменот, но него, каменот, покрај со едното негово име, Бел Камен, го именуваат уште и со две други: Јованов Гроб или Турчинов Гроб.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Се дозна и тоа дека немаат намера ни своите мртви да ги закопуваат тука, на гробиштата на Рамник на Горник.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Копаше, копаше, сѐ дур не го ископа гуменото зајаче што го закопало тука.
„Животраг“ од Јован Стрезовски (1995)
Мајка си ја затекна тешко разболена; имаше уште само толку денови и сили да го благослови и да му ја каже својата последна, претсмртна желба - да не ја закопуваат како сите Акиноски дотогаш на гробиштата во Битола, туку да ја закопаат тука, во Потковицата, на гробиштата на Рамник на Горник.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)