залажува (гл.) - дека (сврз.)

Додека влегуваше во собата беше како оние сосема нечујни облаци што залажуваат дека ништо не кријат, ништо не носат, но кога наближи и се истури на мене престорувајќи се речен брзак, и кога потоа ме зафати во врелата матица, богами го загубив здивот.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Такви убавини не ни се случуваат секој ден, батка.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Нема веќе да се залажува дека е поинаков од нив. Дека е некој друг...
„Омраза - длабоко“ од Драгица Најческа (1998)
Една ноќ во која се разбудив а остатокот од сонот уште ме залажуваше дека Рајнер е крај мене на постелата, јас за првпат почувствував како заедно, како едно, ми чукаат срцето, утробата и меѓуножјето.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Дотогаш ми беа непознати таа слатка болка и тој горчлив копнеж да се даде нов живот.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)