залепи (гл.) - ко (прил.)

Гледам: сме легнале едно до друго со Никифор, сме се залепиле ко базје во дупката.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
Само осетив дека нешто ме крена нагоре и пак ме врати на земја. Ме залепи ко питулица.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
6. Ме собрал студот во ќелијата, ме залепил ко полжав, ко плуканица на ѕидот.
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)
И, дури се свртев, три криминалки ми се залепија ко гасеници, ми се зашија: — Давај махњомсја!
„Небеска Тимјановна“ од Петре М. Андреевски (1988)