замачка (гл.) - око (имн.)

Алах те учи како да зборуваш, или си со ихтиза мене да ми замачкаш очи.
„Вежби за Ибн Пајко“ од Оливера Николова (2007)
Обожувам кога некој сака да ми ги замачка очите со својата лажна самодоверба.
„Читај ми ги мислите“ од Ивана Иванова Канго (2012)
И тој успеал ова да го заборави, да замачка очи само во текот на една авантура: како самата таа авантура.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
66. Бератите за владици се дадоа и ние заслепените Македонци ѝ поверувавме на Бугарија оти таа со нејзината „самостојна“ политика ништо друго не прави, туку одржува политички победи и нѐ облагодетелствува нас Македонците. – Арно ни ги замачкаа очите. – Но не поминаа ни 5-6 години кога се отрезнаа Бугарите од своето занесување во „самостојната“ политика.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Каде во свет државата финансира вистински алтернативни покрети? Никаде.
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
Според тоа, сѐ се одвива како она што се нарекува говор да може, во своето потекло и цел, да биде единствено еден момент, суштински, но детерминиран модус, еден феномен, еден аспект, еден вид на писмото.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)
Или финансира одредени „безопасни” алтернативни идеји, за да замачка очи.
„МАРГИНА бр. 15-16“ (1995)
Во случајов, а тој е само еден од примерите, кон онаа смрт на цивилизацијата на книгата, за која толку се зборува и која најнапред се пројавува преку грчевитото намножување на библиотеки.
„МАРГИНА бр. 11-12“ (1995)