замеша (гл.) - во (предл.)

Соколе го засака особено за тоа што знаеше да се замеша во нивните расправања, кога толкуваа некое место од Светото Писание и гледаа да го сврзат со најновите тревожни настани.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
Многумина се познаа како комшии, што си одеа и идеа на гости.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Толе се замеша во разговорот. — Ами не даваат ли Челебиите нешчо на тие што умираат кај нив?
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Се провикна Толе и се замеша во купот, поздравувајќи се и со најмладите.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Со сила што чувствуваше дека е непобедлива, со гордост на слободен и независен од никого, со право кое никој овде не можеше да му го оспори, тој се замеша во разговорот. Не се замеша, но просто заповеднички извика: — Доста од обете страни!
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Шо беше за правење — се направи.
„Толе Паша“ од Стале Попов (1976)
Некој му се замешал во неговите книги.
„Тврдина од пепел“ од Луан Старова (2002)
Навистина, мажите Јанчески, откако загина стрико Анѓел и откако Боше нивни замина од Потковицава, како наеднаш да набубрија, и навистина на две различни страни, на едната Никола и братучедите, кои сè погласно се замешуваат во заедничките работи на Потковицата, а на другата сам Атанас, кој постојано вели Душава нема да ми се примири додека не го видам татка одмазден, но Никола е глава на сиот сој Јанчески па не чини она што му го прави Атанас, ако продолжи да не му се покорува на брата си, на лошо ќе го истера сиот сој Јанчески.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Дека беше во прашање зависта сфатив кога реши да го искористи случајов и да ме замеша во разговорот и мене.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
„Го гледам син ти како расте и се си велам на кого ли личи детето“, се засмеа злочесто Огнена.
„Синот“ од Србо Ивановски (2006)
Всушност, се покажало дека уште пред формирањето на Сарафовиот комитет, офицерите замешани во комитетските работи, на чело со генерал Иван Цончев, тајно од Делчев и Ѓорче Петров, зеле решение да работат за преземање на Македонската револуционерна организација и на нејзиниот ЦК од офицери, а кога ќе се постигнело тоа, Цончев требало да си даде оставка во бугарската армија за да го преземе претседателството на Врховниот комитет и да крева востание во Македонија.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
„Може да се верува - пишува Стег - дека, загрижени за своите интереси, поголем број од нив се чувале директно да се замешаат во револуционерното движење.
„Солунските атентати 1903“ од Крсте Битоски (2003)
Подготвувањето на едно востание се продолжува 5-10 години и после сите замешани во него или умираат или пак, ако останат живи, треба да останат без ништо и да си изберат некоја друга работа што ќе треба да ја зафатат одново и за која можеби и не се сосем подготвени.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Србија се замеша во Македонија откако изгуби надеж да си ја присоедини Босна и Херцеговина.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Да го допуштиме и спротивното, дека сегашната борба најпосле ќе ја принуди Европа да се замеша во турските работи и да ја принуди Турција да им даде рамноправност на македонските народи.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Ние мислиме оти Европа ќе се сожали над мирното население и заради него ќе се замеша во нашите работи.
„За македонцките работи“ од Крсте Петков Мисирков (1903)
Кога чул царот пресудбата од царицата, недраго му паднало оти таа да знает да пресудит поарно од него и на часот беше је рекол вака на царицата: - Слушај вамо, царице, ти да си земиш што ти је најмило и да си одиш кај татка ти, оти јас те нејќам.
„Македонски народни приказни“ од Иван Котев (2007)
- Ти, чоече, ќе му го даиш ждребето - му рекла царицата - што си го нашол под колата, чунки кола ждребе бе раѓа.
„Македонски народни приказни“ од Иван Котев (2007)
Лалата с¯ во неа се пулел и сакал и таа да ја замеша во разговорот, та да ја види што знаи да кажит.
„Македонски народни приказни“ од Иван Котев (2007)
Татко ми велеше: „Маж во куќа, тоа ти е неопходно зло - за да се замешаш во народот и да не бидеш различен по таа основа“.
„И ѓаволот чита пРада“ од Рада Петрушева (2013)
Тогаш и Елена се замеша во разговорот.
„Омраза - длабоко“ од Драгица Најческа (1998)
Нека биде казнета уште еднаш што се замеша во нивната крв".
„Омраза - длабоко“ од Драгица Најческа (1998)
Стојо однесе на Велја сабота мазник зелник, јајца, сирење, сланина, a еве веќе имаат и млеко од кравите и козите,; ќе го прават Велигден со Трајка таму, а Илко ќе оди в црква да се причести и да се замеша во еснафот.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
Не се замеша во кавгата, но затоа ги викна брата и и Јована да ја остават кавгата и да си влезат во училиштето, бидејќи ѕвончето удри.
„Крпен живот“ од Стале Попов (1953)
А велат, убави земји биле тие; здрав инсан, ќе има што да делат нашите синови што ќе останат живи. – Ех, кој сака да бегува, ќе ги крвави гаќите како ние едно време – им се замеша во разговорот и Фета-бег чиј син пред некој месец се врати од војната сакат во левата рака и десното око.
„Калеш Анѓа“ од Стале Попов (1958)
- Чудо дете е нашиот Трајче - се замеша во разговорот Евто.
„Волшебното самарче“ од Ванчо Николески (1967)
А Манасија беше госпоѓа и згора на тоа вработена во банката, па секој што ќе влезеше да си го наплати долгот можеше да види со какви извалкани зборови Бундев се служи кога настојуваше и вујна си да ја замеша во своите грди фантазии.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Заклучи дека ништо друго тој не треба да прави, зашто и со направеното веќе се замешал во работите на Бога.
„Ненасловена“ од Анте Поповски (1988)