замеша (гл.) - со (предл.)

Ако нешто и се замешало со друга сорта, ако нешто се изметнело - го чистеле!
„Бојан“ од Глигор Поповски (1973)
Некои стари пизми на оние од оваа страна и оние од онаа страна на реката се замешаа со нови.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
- Ами чисто салце, вели Маса Ќулумоска, и малку шамачна рогузина да се изгори и пепелта да се замеша со салото, ко мевленче да се направи.
„Пиреј“ од Петре М. Андреевски (1983)