замине (гл.) - накај (предл.)

Човекот се издиши разочаран. - Извинете, - рече тој пак и замина накај станицата.
„Послание“ од Блаже Конески (2008)
Потоа веднаш штом се крена од постела, заедно со фотографијата на Тањушка, по Пазарџиски пат, замина накај Прилеп.
„Потковица на смртта и надежта“ од Миле Неделкоски (1986)
Го испи пивото, ги изнакажа своите сексуални способности и сам замина накај дома. Сигурно брзаше да се закачи на чат.
„Двоглед“ од Горан Јанкуловски (2011)
Тефик не бил многу уверен дека овие не го лажат, ама се немало како-загарот не знае да зборува та да му каже и така си ја подвиткал опашката и си заминал накај реката да им се придружи на ловџиите кои со дење слегуваа надолу кон Небиље.
„Крстот камбаната знамето“ од Мето Јовановски (1990)
Затоа таа замина накај човекот. Замина, или за да отстапи, или пак за да остане сама, една здивена мршарка чие огромно тело уште одамна не биле во состојба да го држат сито ни дивите плодови, ни мравките, ни медот од шупливите дрвја.
„Белата долина“ од Симон Дракул (1962)
Тодор беше спремен и веднаш заминаа накај стрика си.
„Белиот јоргован“ од Хајди Елзесер (2012)