замине (гл.) - од (предл.)

Трпе мавна две пива од нога колку да не речат соселаните дека се праи градски курназ и замина од селото.
„Двоглед“ од Горан Јанкуловски (2011)
„ Си помислила ли некогаш“, рече тој, „ дека најдоброто што би можеле да го сториме е да заминеме од тука пред да биде премногу доцна и никогаш повеќе да не се видиме ?
„1984“ од Џорџ Орвел (1998)
Имаше само неколку генерални настани од животот на Татко, кои не беа ставени под неговото необично ембарго: причините ненадејно да замине од родниот Подградец крај Охридското Езеро во Цариград, преку Солун по морски пат до Измир, неговите студии првин по шеријатско, а потоа по модерно право и исламска филозофија, враќањето во Поградец по завршените студии со факултетската диплома и лиценцата за адвокатура, работата како судија и адвокат во монархиска Албанија, напуштањето на Поградец во 1941 години бегајќи од фашизмот од својата окупирана земја, емигрирањето во Македонија и потоа приемот на југословенското државјанство, работата во еден од скопските повоени судови, работата во Националниот институт во Скопје, откривањето на битолските кадиски сиџили (ХVI-ХIХ век) и работата врз нивното средување и преведување до пензионирањето.
„Балканвавилонци“ од Луан Старова (2014)
Но, зарем не ме учеа и дека личноста е како езерската вода, која штом ќе се заграби, се разбива на многу капки, на мноштво води, од кои секоја самостојно истечува, заминува од допирот.
„Слово за змијата“ од Александар Прокопиев (1992)
Татко последен пат се виде со својот брат пред крајот на војната, пред да капитулира Италија, а ние се готвевме да заминеме од Поградец.
„Атеистички музеј“ од Луан Старова (1997)
Место да се врати, Драге ѝ пишал на Верка, со која се сакале пред да замине од Маказар, да оди во куќата кај мајка му и кај сестра му и да биде снаа. Таа така направила.
„Бунар“ од Димитар Башевски (2001)
Година, година и пол се појавуваше на нивните трибини и зборуваше за нужните промени што општеството мора да ги направи, така што за почеток ќе мора да се одржат фер избори и генералот Стојан да замине од власта.
„Браќата на Александар“ од Константин Петровски (2013)
Разбирливо, таа пред мене не проговоре за синот, а и јас, дури откако заминував од Долнец се сетив на приказната за него: дека ги напуштил студиите, заминал од дома и веќе не се јавил, и дека дури отпосле дознале дека, со уште едно момче од групата што, под водство на еден млад свештеник, била воведувана во православното учење, се придружил кон манастирот Св.Тројца, преку границата.
„Братот“ од Димитар Башевски (2007)
Се плашеше да ме испушти од погледот за да не исчезнам некаде во просторот, за да не испарам како водата што испарува, или да не заминам од Долнец.
„Братот“ од Димитар Башевски (2007)
Сега си заминува од галеријата, овојпат со такси за кусиот пат да го на­прави уште пократок.
„МАРГИНА бр. 34“ (1996)
И сега, додека седи како здрвена на креветот станува свесна дека навистина последна заминала од кај гробот и сама се враќала.
„Исчезнување“ од Ташко Георгиевски (1998)
Си заминав од под спомнатата лозница пред една година и неколку месеци без збор да ѝ речам на тетка Боса за втората смрт на Благоја.
„Летот на Загорка Пеперутката“ од Србо Ивановски (2005)
Сонцето веќе го имаше допрено работ на планината кога Пелагија си замина од дворот на тетка Перса.
„Црна билка“ од Ташко Георгиевски (2006)
Во една таква расположба, недела две пред самата Нова година, Пелагија и Чана заминаа од долното предградие кон центарот на градот, не со умисла да купуваат за себе или за децата, туку да го поминат центарот, да го изодат плоштадот, да завлезат во уличките зад него, да ги признат фотографиите на новиот филм во кино Младина, да излезат на дрвеното мовче преку кое ќе стигнат до малечкото плоштадче пред театарот, и уште потаму, до онаа грозоморна зградурина под Калето што ја викаа Фестивална а беше начичкана со бегалци, со Егејци.
„Црна билка“ од Ташко Георгиевски (2006)
Пладнето заминавме од Езерец. На свиокот, пред мостот го слушнавме одвај чујното ѕвонење на камбаната на црквата Свети Никола, чиниш ни кажуваше дека нема умирање и исчезнување на човекот се додека за него трае споменот...
„На пат со времето“ од Петре Наковски (2010)
Вечерта на оној ден кога нашиот брат засекогаш замина од Виена, моите сестри тивко зборуваа дека сега е најважно тој од Лондон, со помош на своите пријатели, што поскоро да ни овозможи да заминеме и ние.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Ги слушав зборовите на моите сестри кои најавуваа ужаси – а пред моите склопени очи, наместо апокалиптичните настани за кои зборуваа тие, се појавуваше само испружениот заврзан показалец на брат ми, кој мафташе во воздухот.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
„Зошто не ги пуштите дома оние кои сакаат да си одат?,“ го праша Клара доктор Гете едно попладне во просторијата во која плетевме.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Тогаш низ просторијата како во хор се разлеваа гласовите кои молеа да заминат од Гнездо: меѓу ѕидовите одекнуваше композиција за човечки гласови со молби, со жалби, со уверувања; се мешаа десетици гласови во таа композиција во која се испреплетуваа различни ритми, тоналитети, брзини, а помеѓу разговетните зборови одекнуваа и нејасни мрморења и врисоци, и чудесни звуци од штракањето на забите, од брмчењето со усните, од повторувањето еден глас, од имитирањето на звуци какви што можат само во некаков сон или некаков кошмар да бидат чуени, па некаде отаде зборовите се чувствуваше судбината на оние кои зборуваа, кои офнуваа, кои брмчеа, кои штракаа, кои мрмореа и врескаа.
„Сестрата на Сигмунд Фројд“ од Гоце Смилевски (2010)
Партискиот секретар стануваше сѐ позагрижен поради овие барања, дури некој спомна на еден состанок, и оставка, а и тој самиот напати ќе си помислеше да си замине од функцијата.
„Времето на козите“ од Луан Старова (1993)
XXVII Заминавме од градот на истекот на реката од Езерото, кон главниот град Скопје, на новата Народна Република Македонија, дел на новата југословенска федерација, со малото вовче, на едно од неговите последни патувања по војната.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
Те оправдувам, дури и да заговараш во последен момент малку дивина, неосквернето својство на природата (кајшто човечка нога не стапнала!) малку самољубие, „соба за себе“ морски залив колку да не заминеш од овој свет пренесена жедна преку вода - ааах, Доме мој сладок!
„Ерато“ од Катица Ќулавкова (2008)
Полека, со лек чекор, замина од колибата, а дождот му ги наквасуваше чевлите направени од плетена трева и автомобилска гума.
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)
„Зошто не би можеле да се преселиме таму и да заминеме од градот? Знам нешто за селскиот живот.
„Лек против меланхолија“ од Реј Бредбери (1994)