замине (гл.) - преку (предл.)

Ни нема друг спас! Ќе заминеме преку Езерото! Друга земја, друга нафака.
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)
Како да сум осуден на заминување. – Татко ти, спокојна му душа, беше храбар човек, ги издржа сите налети, остана силен на своето место! – Јас како да ги наследив мајкините гени, морам да ги истрадам нејзините заминувања. Ѝ реков пред некој ден оти ќе заминам преку границата, со жена ми и децата.
„Ервехе“ од Луан Старова (2006)
И никогаш не ги втасавме тие што заминаа преку морето…
„Патот на јагулите“ од Луан Старова (2000)