замине (гл.) - веднаш (прил.)

Кариби ли, на Балканот?  Во Варшава, значи, Хана и Леон заминаа веднаш по свадбата која се случи во синагогата во Гдањск во присуство на најблиските роднини на младоженецот, во ритуалот во кој на двапати му падна јармулката, обредното капче што стои на темето во сите свечени мигови од животот на еден Јудеец, што внесе додатна вознемиреност во и онака нервозната атмосфера која владееше и пред, но и низ свадбениот ритуал.
„Светилка за Ханука“ од Томислав Османли (2008)
По пристигнувањето на првата британска воена мисија на територијата на Македонија започнало и пристигнувањето на првите пратки со воена опрема, како и со санитетски материјал, облека и др.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
И замини веднаш, не чекај го утрото. Можеби нема да осамне.
„Зборот во тесен чевел“ од Вероника Костадинова (2012)
Мисијата на Џорџ Квајн заминална веднаш по пристигнувањето со партизанските курири во Главниот штаб на НОВ ПО на Македонија, каде што пристигнале на 5 октомври 1943 година.
„Македонија низ нишанот на САД и Британија“ од Тодор Чепреганов (2012)
Ренди си отиде со мајка му, која замина веднаш штом заврши натпреварот, застанувајќи само за да му каже на Дејв да оди дома и да си ја исчисти ногата.
„МАРГИНА бр. 34“ (1996)